За сите оние романтични души кои не се задоволуваат со едно патување, Европа нуди незаборавен спој на мириси, музика, светла и минато, кои ќе ја распламнат вашата љубов и од обично патување ќе направат меден месец. Да погледнеме кои се најромантичните европски дестинации.
Венеција
Овој чудесен град е изграден на 117 мали острови кои се разделуваат околу 180 канали и спојуваат повеќе од 400 мостови. Содржи неколку стотини палати и преку 90 цркви, а најдолгата улица на Венеција е Канал Гранде кој го дели стариот дел на градот на две половини. Тој е поглед на многу палати, меѓу кои Casa d’Oro, Casa Rezzonico и Palazzo Grassi. Во Венеција задолжително е да ја посетите црквата Света Марија, Мостот на воздишките (Ponte dei Sospiri) и да се искачите на камбаната на црквата Свети Марко, од кој ќе можете да ја видите цела Венеција.

Рим
Секој чекој на овој град претставува средба со минатото. Од колосеумот, древниот амфитеатар кој бил епицентар на гладијаторските борби, па се до срквата Св. Петар. При посетата на овој град задолжително посетете го и Ватикан со познатата Сикстинска капела, отсликана од Микеланџело, но и музејот Капитолини, во кој е изложена најстарата колекција на скулптури во светот, од римски, антички, ренесански и барокни дела. Не пропуштајте да се искачите по Шпанските скалила и да фрлите паричка во Фонтана ди Треви (што значи дека повторно ќе се вратите во Рим).

Прага
Наречен градот на сто кули, изграден на седум брда и поделен од реката Витава на стар и нов дел. Стариот дел од градот содржи лавиринт од улички, калдрма и премин кој води до старогратскиот плоштад. Заљубените парови најмногу го сакаат Карловиот мост, но не треба да се пропуштат ни Прашкиот дворец, куќата на Франц Кафка, астрономскиот часовник и Златната улица. Прага има мноштво од угостителски објекти во кои можете да поделите еден од обилните оброци, но и треба да знаете дека на вашата сметка ќе го добиете и бакшишот на келнерите, кој не е задолжителен да се плати.

Лисабон
Богат со музеи, цркви, манастири, палати, песочни плажи, но и паркови и градини . Центарот на градот е изграден на седум брда, поради што некои од улиците се премногу стрмни за возење со автомобил, па за таа цел може да се искористи метро, како и многубројните трамваи кои иако бучни редовно ги пренесуваат патниците. Интересна атракција е аквариумот „Oceanário de Lisboa“, како и музејот на фондацијата Kaалуст Гулбенкиан, како и музејот на Praça do Império (Плоштад на империјата), каде што се изложени бродови постари од 300 години. Староградските квартови се преполни со рестоани, кафулиња, од кои одекнува фадо музиката, најпознат е квартот Баиро Алто.

Париз
Познат по поврзаноста со љубовта и љубовниците, поради што стекнал углед за најромантичен град на светот. Најинтересни места за посета се музејот Лувр, во кој се изложени најпознатите светски уметнички дела, катедралата Нотр Дам, Елисејските палати, Монмартр, како и Ајфеловата кула која по искачувањето ве наградува со целосен поглед на француската престолнина. Доколку вашиот престој во овој град е подолг искористете го за романтично крстарење или романтична прошетка покрај Сена, околината околу каналот Св Мартин, како и искачување по скалите до Сакр-Кер или барање на антиквитети низ отворените пазари. Една од ноќите искористете ја за прошетка по елитната улица Шанзелизе.