Назаре е име на град и општина на западниот брег на Португалија во регионот Оесте. Мештаните го опишуваат како идилично и мирно место за пријатен одмор.
Туристичките заедници го промовираат како едно од гратчињата со најубави песочни плажи во оваа европска земја, но и како место кое е особено популарно меѓу љубителите на екстремни водни спортови. Поточно, сурфери вљубени во високи бранови.
Поради својата специфична локација покрај Атлантскиот Океан, Назаре може да се пофали со навистина спектакуларни бранови, високи и по неколку десетици метри. На пример, португалскиот сурфер Уго Вау совладал бран познат како „голема мама“, кој бил висок дури 35 метри.
Тајната на брановите
Тајната на огромните бранови лежи под површината. „Чудовиштата на природата“ (како што ги нарекуваат сурферите) ги создава Канхао да Назаре, огромен подводен кањон длабок 200 метри. Кога бранот ќе го погоди кањонот, тој се дели на два дела.
Едната половина оди кон поплиткиот дел од брегот, а другата половина кањонот ја насочува кон неговиот ѕид, туркајќи го нагоре, и создавајќи гигантски водни кули.
Сезоната на големи бранови трае од октомври до март, а најдоброто место за набљудување на брановите е светилникот „Fort of São Miguel Arcanjo“, над Праја де Норте, каде што за време на натпреварувањата се собира голема публика. Кога брановите ќе се кренат, градските власти советуваат да се стои подалеку од брегот од безбедносни причини. Но, сепак на многумина им е тешко е да му одолеат на повикот на океанот.