[ФОТО] Ѕирнете во луксуз каков што може да си овозможи само Безос – „Grand Canal Suites“ е резервиран за 11.500 долари од ноќ

Точка

07/05/2025

15:24

3.278

Големина на фонт

а а а

Парот го резервирал најголемиот апартман во луксузниот хотел „Grand Canal Suites“ на „Aman Venice“, вреден 11.500 долари од ноќ.

Ова е луксузниот венецијански хотел од 16 век во којшто, според пишувањето на странските медиуми, идниот младоженец Џеф Безос и неговата избраничка Лорен Санчез резервирале апартман вреден 11.500 долари од ноќ, како вовед во нивната гламурозна италијанска венчавка.

Основачот на „Amazon“ и милијардер, којшто сега има 61 година, планира летово да се венча со својата бринета, а според информациите, среќниот пар ќе биде сместен во хотел со пет ѕвезди, заедно со кланот Кардашијан и другите гости од А-листата.


Овој хотел претходно бил домаќин на многу холивудски ѕвезди, вклучувајќи ги и Кејти Пери и Орландо Блум, како и Џорџ Клуни и Амал Клуни.

Хотелот се наоѓа во една од осумте монументални палати во Венеција на Големиот канал, во внатрешноста на Palazzo Papadopoli од 16 век. На гостите им се нудат различни видови апартмани, секој единствен и раскошен со својот ентериер.

Внатре можат да се видат рококо уметнички дела во комбинација со современи дизајни, додека пак надвор има приватни градини, шармантни тераси и модерна теретана.

Некои од најексклузивните соби содржат оригинални дела на големите италијански уметници.


Инаку, Безос поранешната ТВ новинарка, 55-годишната Лорен ја запроси во мај 2023 година. Според американскиот таблоид „The US Sun“, инсајдер открил:

„Џеф и Лорен го резервираа најголемиот апартман којшто го нуди хотелот и тоа моментално е главна тема меѓу вработените таму. Собата е спектакуларна и има дури и излез од кровна тераса со поглед кон цел град“.


Сѐ уште не е познато дали оваа ексклузивна соба е наменета за Лорен за ноќ пред венчавката или тоа е местото каде парот ќе престојува по церемонијата. Тридневната прослава е закажана за периодот од 24 до 26 јуни.