Таа е кралица на модата, но на овогодишната Мет гала покажа дека дури и неа може да ѝ се случи да направи грешка.
Уште долго ќе се зборува за овогодишната Мет гала. Познатите личности од светскиот шоубизнис се обидоа со своите модни изданија да одговорат на темата „Скроено за вас“, која била инспирирана од изложбата на Институтот за костими.
И, додека вчера сите медиуми пишуваа за тоа дали ѕвездите на црвениот тепих успеале да дадат омаж и да ја оживеат ерата на „Ренесансата од Харлем“, сите заборавија да се осврнат на една грешка која ја направила главната уредничка на „Vogue“, Ана Винтур која од 1995 година е и домаќин на Мет гала.
Таа е кралица на модата, но на овогодишната Мет гала покажала дека не е имуна на грешки.
Ана Винтур се појавила во едно од своите најдобри изданија досега: носела свилен, сив фустан на којшто имало везени цветови и брош во облик на срце којшто се наоѓал на нежниот светлосин капут..
Стилот на „челичната дама“ заблескал во полн сјај, меѓутоа очигледно е дека ни таа не ја забележала црвенкастата точка на предната страна од фустанот.
„Очигледно е дека Ана Винтур има флека на фустанот“, напишал еден корисник на социјалните мрежи откако ја објавил фотографијата.
Фотографијата со зумирани делови од фустанот на Ана Винтур каде е прикажана наводната флека предизвика лавина коментари, дел од луѓето биле изненадени како кралицата на модата воопшто можела да се појави со дамка на фустанот на Мет гала, а други се прашуваат како и каде ќе го искаже својот бес Ана Винтур.
Eagle-eyed fans spot mystery stain on Anna Wintour’s custom Met Gala gown https://t.co/mpAVCln5aM pic.twitter.com/uhXpXRx5iR
— New York Post (@nypost) May 6, 2025
Поради тоа што е позната по своите строги правила, корисниците на социјалните мрежи се загрижени за членовите од нејзиниот тим кои би можеле да ги сносат последиците.
„Јас сум на Мет гала и штотуку го видовме стилистот на Ана како оди во бекстејџ, а потоа се слушна викање“, „Жал ми е за тоа кој ќе биде виновен“, „Некој ќе добие отказ“, „Чија крв е тоа?“, „Крв на стажист“, „Како си го дозволила ова себеси?“, биле само дел од коментарите.