Направете домашен колаген од 4 состојки – косата, кожата и зглобовите ќе ви бидат благодарни

Точка

01/05/2025

14:00

3.409

Големина на фонт

а а а

На многу едноставен начин подгответе го напитокот којшто стимулира природно произведување колаген и тоа со состојки кои веројатно веќе ги имате дома.

Колагенот е клучен за здравјето и младешкиот изглед на кожата, ги јакне ноктите, косата и зглобовите.

Како што старееме, природното произведување колаген во телото се намалува, па многумина посегнуваат по суплементи. Меѓутоа, постои едноставен начин самите да подготвите напиток којшто стимулира природно произведување колаген и тоа со состојки кои веројатно ги имате дома.


Состојки:

- 1 чаша млака вода;
- сок од 1 лимон;
- 1 мала лажичка желатин во прав;
- 1 мала лажичка витамин Ц во прав.

Подготовка:

Во млаката вода додадете го сокот од лимон. Желатинот лесно измешајте го за добро да се раствори. Додадете го и витаминот Ц во прав и повторно помешајте.

Овој напиток најдобро е да го пиете наутро на празен стомак.


Како делува на вашиот организам?

Витаминот Ц ја стимулира природната синтеза на колаген во телото, додека пак желатинот обезбедува елементи кои се неопходни за обнова. Овој напиток не само што помага кожата да остане цврста и еластична, туку ги јакне зглобовите, ноктите и косата.