Јадете ја оваа каша на празен стомак 2 седмици и гледајте како килограмите се топат - 2 состојки кои се мевлем за цревата, го намалуваат холестеролот, го чистат телото

Точка

03/05/2025

11:02

3.909

Големина на фонт

а а а

Кашата од хелда и кефир е поволна за цело тело, а ќе ви помогне да се ослободите од вишокот килограми без гладување.

Сонот за витка линија е можно да го остварите доколку консумирате каша од кефир и хелда.

Кефирот одамна ја стекнал славата како природна храна на најдолговечните луѓе на Кавказ. Со причина се нарекува и еликсир на долговечноста и здравјето.


Кога тој млечен производ ќе се искомбинира со хелда, во организмот ќе добиете бројни витамини и минерали, а потоа од телото ќе ги исфрлите мастите.

Не само што ќе го елиминирате вишокот масно ткиво, туку и ќе го подобрите вашето здравје.

Освен што е погодна за чувствителните на глутен, хелдата е богата со бројни нутриенти и антиоксиданти. Содржи витамини Б, Е и К, минерали калциум, магнезиум, манган, железо, бакар, фосфор, цинк.

Хелдата е исклучително хранлива доколку се јаде свежа, но нема да погрешите доколку ја јадете и варена.

За најдобри резултати, важно е редовно во текот на две недели да ги консумирате овие две намирници.

Подготовка:

Навечер во шолја кефир ставете една шолја хелда, па оставете да отстои до следното утро.


Во текот на наредното утро вашиот оброк е подготвен за консумирање (јадете на празен желудник). Се препорачува наредните четири часа да не јадете ништо.

Во текот на денот може да јадете сезонско овошје или зеленчук. Консумирајте и многу течности, избегнувајте сол, шеќер и други засладувачи.