[ФОТО] Рај за хедонистите, љубителите на добро вино и храна: Овој град за многумина е омилена туристичка дестинација

Точка

07/05/2025

12:19

1.563

Големина на фонт

а а а

За секој којшто сака да ужива во животот, чаша вино, добра храна и убавина, ова италијанско гратче ќе стане една од омилените дестинации.

Верона е рај за хедонистите, град којшто може да го обиколите за неколку денови, но најдобро е кога ќе му дадете малку повеќе време за да го истражите.

Главниот град на истоимената италијанска провинција и втор најголем град (после Венеција) во регионот Венето, во непосредна близина на езерото Лаго ди Гарда, Верона е сместен на 100 километри западно од Венеција.

Најстарите траги на население на подрачјето на Верона потекнуваат од предримскиот период од 89 година п.н.е., а на тоа место настанала и римската колонија.


Мноштво знаменитости

Овој романтичен град и денес лежи на седиштето на две главни улици од изворниот римски воен камп, Cardo и Decumanus. Во Верона се наоѓаат мноштво зачувани културно-историски споменици од римскиот период.

Најславниот споменик е Веронската арена, третиот по големина зачуван римски амфитеатар од 1 век. Граден бил околу 30 години, долг е 139 и широк 110 метри, а може да прими 22.000 гледачи на 44 реда мермерни седишта.

Денешната двокатна фасада всушност е внатрешен потпорен ѕид, додека пак трикатните камени фасади останале само на едно место. Од тие камења се изградени бројни градби во Верона.

Величествените ентериери се недопрени и се користат и денес за саеми, претстави и опери под ѕвездено небо.


Локации кои треба да се посетат

Доколку сакате да патувате во ова италијанско гратче, ви ги препорачуваме следните локации:

Arena di Verona – историја и музика под исто небо.

Piazza Bra – совршено место за утринско кафе.

Porta Borsari – римска врата која ве води во срцето на шопинг зоната.

Via Mazzini – елегантна улица со продавници и поглед кон римските темели под стакло.

Piazza delle Erbe – стар римски форум, денес шарен пазар преполн со живот, овошје, зачини и вино.

Куќата на Јулија – балконот и статуата и натаму се магнет за романтичните души.

Castelvecchio – средновековен дворец.

Giardino Giusti – ренесансни градини кои нудат мир и совршен поглед кон градот.


Каде да јадете во Верона?

Bistro Con Amore Vini e Cucina

Најдоброто тирамису кое некогаш ќе го пробате, но и останатите јадења се фантастични. Местото има посебен шарм, благодарение на сопствениците и главниот шеф на кујна.

La Vecia Mescola

За вечера во посвечен амбиент ова место е вистинско. Традиционални јадења од регионот Венето, подготвени модерно, со добар вкус.

Trattoria Colonna

Доколку сте љубители на „cottolete“, огромни котлети во стил на виенска шницла, тогаш ова место мора да го посетите.


La Bottega della Gina

За брза и квалитетна паста наминете тука. Се подготвува свежа паста, може да ја јадете во локалот или да ја понесете со вас.

Pizzeria Napoletana Regnum Verona

Единствен простор каде пицата е највкусна. Тука не се доаѓа поради амбиентот туку поради совршената пица.