[ФОТО] Другите носат милиони, а таа била скромна, но величествена: Најевтиниот фустан на Мет гала кој иницирал моќен тренд

Точка

03/05/2025

19:30

2.816

Големина на фонт

а а а

Во времето кога Ема Вотсон прошетала на црвениот тепих на Мет гала во оваа креација, таа важела за прилично смела, а денес ваквите модели се „задолжителни“ на таквите вечери.

Деновиве главна тема е претстојната Мет гала каде повторно ќе видиме дела на високата мода.

Славните во 2025 година треба да одговорат на темата „Скроено за вас“, а изминативе години тие секогаш биле на висина на задачата и покажале креативност и модна смелост.


Во соработка со водечките модни куќи и дизајнери, тие носат вистинска магија на црвениот тепих.

На брендовите им е чест и задоволство тоа што нивните креации ќе се најдат на Мет гала, па не очекуваат ѕвездите да им платат.


Најевтиниот фустан

Најчесто се зборува за најскапите, раскошни фустани, но нас нѐ интересираше кој фустан на Мет гала бил најевтин. Според пишувањето на „Rafinery29“ станува збор за црниот фустан којшто го носела англиската актерка Ема Вотсон во 2013 година. Ѕвездата од филмовите за Хари Потер стигнала во фустан со прорези.


Асиметричен, провокативен, но отмен, овој фустан се шири од колковите надолу и изгледа навистина прекрасно.

Фустанот го дизајнирала американско-непалската дизајнерка Прабала Гурунга, а чини 4.495 долари.