[ФОТО] „Моден дебакл, подобро да не се појавеше“: Убавата Георгина е секогаш секси, но без стил

Точка

07/05/2025

19:39

2.316

Големина на фонт

а а а

Георгина Родригез, партнерката на познатиот фудбалер Кристијано Роналдо, беше една од многуте ѕвезди кои прошетаа на најпрестижниот моден настан во светот – Мет гала.

Темата на овогодинешната Мет гала беше „Суперфајн: Кроење на црнечкиот стил“, која ја раскажува историјата на црнечкиот денди-стил. Од Метрополитен музејот на уметноста објаснија дека темата секоја година има цел да „даде насока и поттикне креативна интерпретација“.


Така беше и годинава – многу од гостите прикажаа современи верзии на т.н. „зут“ костими, модели со широки раменици и висок струк, популарни меѓу афроамериканските мажи во 1940-тите.


Но, Георгина не се водеше според темата, па се појави во свилен црн „слип“ фустан од „Ветемент“ со изразен шлиц од страна, а комбинацијата ја комплетираше со црни чевли и накит.


Модните критичари ја прогласија нејзината облека за една од најлошите од овогодинашната Мет гала, а критиките не изостанаа и на социјалните мрежи.


„Георгина Родригез дури и не се обиде“; „Таа целосно ја згреши темата. Очекував многу повеќе од неа“; „Не ми се допаѓа“; „Не ја разбра поентата“; „Ова ме потсетува на пижамa“; „Ова е Мет gала, а не забава со пижами“, беа некои од коментарите.