[ФОТО] Ова е официјално најтоплото место во светот – Го нарекуваат Долина на смртта, но не е целосна пустелија

Точка

07/05/2025

20:01

1.232

Големина на фонт

а а а

Почвата во Долината на смртта се состои од темни карпи и песок кои ја апсорбираат сончевата топлина.

Најжешкото место во светот, Долината на смртта во Калифорнија, е позната по своите екстремни температури и уникатни географски карактеристики.



Сместена во источниот дел на Калифорнија, во близина на границата со Невада, Долината на смртта е дел од Националниот парк „Death Valley“ (Долина на смртта), кој вклучува околу 13.518 км2 пустински пејзаж.

Највисоката потврдена температура некогаш забележана на Земјата била измерена таму на 10 јули 1913 година и изнесувала 56,7°C.


Иако некои места, како што е Ал-Азизија во Либија (која регистрирала температура од 58°C во 1922 година), повремено се сметале за потопли места, овие мерења подоцна биле оспорени поради неточности во методологијата, со што Долината на смртта станала официјален рекордер според Светската метеоролошка организација (WMO).



Екстремните температури во Долината на смртта се резултат на неколку фактори. Долината на смртта е 86 метри под нивото на морето, што ја прави едно од најдлабоките места во Северна Америка. Ниската надморска височина предизвикува повисок атмосферски притисок, што дополнително го затоплува воздухот. Долината добива многу малку врнежи од дожд, во просек помалку од 50 мм годишно, што значи дека нема влага за да ја ублажи топлината. Сончевата светлина непречено продира во почвата, дополнително загревајќи ја.


Долината е окружена со високи планински венци, а планините ја спречуваат циркулацијата на воздухот, задржувајќи го топлиот воздух во долината. Тлото се загрева и зрачи топлина назад во воздухот, создавајќи ефект на рерна. Почвата во Долината на смртта се состои од темни карпи и песок кои ја апсорбираат сончевата топлина, а температурата на почвата често надминува 80°C.


Меѓутоа и покрај екстремните температури, Долината на смртта не е целосно пуста. Имено националниот парк е дом на различни растителни и животински видови кои се приспособиле на суровите услови. Исто така, постојат мали туристички центри каде што туристите можат да ги доживеат овие екстреми, иако летните месеци се опасни поради ризикот од топлотен удар.