Невил: Тој би бил злато за Јунајтед…

Дерби

08/06/2026

14:36

205

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед треба активно да го нападне пазарот во овој преоден рок, се споменуваат некои имиња, но се уште се чека на конкретен потег, промоција на ново име.

Кога се во прашање овие периоди во годината, кога има можности за трансфери има и доста шпекулации и тоа сите добро го знаат кои редовно ги пратат фудбалските настани, случувања.

Гери Невил како екс фудбалер на Јунајтед сака одново да го види клубот како е успешен, меѓутоа самиот тој не верува во едно сценарио, Кол Палмер од Челси да слета на „Олд Трафорд“.

- Кога Манчестер Јунајтед го потпиша Брајан Робсон, Рон Аткинсон рече нешто како „ова не е ризик, ова е злато. Мислам дека Хари Кејн ќе беше таков за Јунајтед, тоа ќе беше злато. Ти [Фердинанд] што дојде од Лидс, Ваза [Руни] што дојде од Евертон, Рој Кин од Нотингем Форест – сите тие се злато.

- Деклан Рајс беше ист пред да се приклучи на Арсенал. Тие се апсолутни гаранции, тие се сигурности и на крајот ќе изгледаат евтино. Доколку Сер Алекс Фергусон сè уште беше на чело на Манчестер Јунајтед, никогаш немаше да му дозволи на Хари Кејн да биде на друго место, ќе се погрижеше да дојде на Олд Трафорд. Деклан Рајс ќе беше исто. Сер Алекс ќе беше над сите тие двајца.

- Не станува збор само за потпишување англиски играчи, бидејќи погледнете го Робин ван Перси – тој беше етаблиран во Премиер лигата и знаевте дека ќе ви испорача многу. Ми се допаѓаат потписите на [Матеус] Куња и [Брајан] Мбеумо минатото лето, бидејќи тие имаа таква основа во Премиер лигата. Тие не беа „златни“, но имаше отстранување на ризикот бидејќи играа во Премиер лигата и се искачуваа за ниво, беа млади и гладни.

- Таквите играчи се добри. Се зборува за Кол Палмер и тоа изгледа како засилување кое би можело да биде златно за Манчестер Јунајтед ако дојде на „Олд Трафорд“.

- Не мислам дека тоа би се случило, мислам дека Челси ќе го задржи. Но, има многу малку вакви трансфери, само на секои неколку години вакви играчи стануваат достапни, - порача Гери во разговорот со Рио Фердинанд.