Калчолигашот Јувентус планира да направи сериозни промени во играчкиот кадар во летниот преоден рок, односно се очекува доста активности на пазарот во двата правци, продажба и купување на нови играчи.
Јувентус до последен момент се обидуваше да пронајде заеднички јазик со Душан Влаховиќ, но Србинот дефинитивно си заминува од Торино и тоа како слободен фудбалер. Ова значи дека „бјанконерите“ мора да доведат замена, замена која би требало да пристигне од Шпанија.
Италијанскиот тим го посакува Александер Серлот од Атлетико Мадрид, офанзивец со кога веќе се договорени личните услови. „Газета Дело Спорт“ пренесува дека Норвежанецот прифатил плата од 4 милиони евра и договор до 2029 година со опција за уште една сезона.
Сега доаѓа потешката задача, да се подаде рака со шпанскиот прволигаш кој бара меѓу 30 и 35 милиони евра, додека Јуве сака да ја комплетира операцијата и да не плати повеќе од 30 милиони евра.
Желбата на „старата дама“ е да ја затвори операцијата пред почетокот на СП.







