Баварците со директна порака до Перез: Воопшто нека не испраќа понуда…

Дерби

08/06/2026

14:46

211

Големина на фонт

а а а

Флорентино Перез сосема очекувано ги доби претседатлските избори во Реал Мадрид и сега сите навивачи на клубот со нетрпение ги очекуваат неговите потези.

Перез веќе го обезбеди Жозе Мурињо како тренер, а договорени се Дензел Дамфрис и Ибрахима Конате, но сега се очекува „бомбата“ која беше најавена и понудата од 150 милиони евра. Флорентино иако не откри за кого се работи, порача дека ќе испрати огромна понуда вредна 150 милиони евра за играч кој имал значајна улога во Лигата на шампионите.

Медиумите посочија дека се работи за Мајкл Олисе од Баерн Минхен, па со оглед на тоа што живееме во брзо време и вестите за кратко време се шират, стигна одговорот од бундеслигашот преку претседателот Херберт Хајнер.

- Мајкл Олисе е играч на Баерн Минхен со долгорочен договор, а ние не ги продаваме нашите играчи. Доколку Флорентино Перез сака да испрати понуда – што сè уште не го сторил – може да се поштеди од тоа да го направи, -порача Хајнер.