Англија е една од селекциите од која доста се очекува на престојното Светско првенство, репрезентација која поседува квалитет во сите линии и останува да се види дали ќе може да го испорача она на кое се надеваат сите навивачи на островот.
Селекторот Томас Тухел се одлучи да изостави доста значајни имиња за овој турнир и ова би требало да биде една израмнета, хомогена група во која еден сигурен стартер би требало да биде само капитенот Хари Кејн.
Имено Тухел јавно му порака на Џуд Белингам кој е една од најголемите ѕвезди во екипата дека нема загарантирано место во почетната единаесетка.
- Да, тој (се бори за место). Тој е еден од стартерите, го знае тоа, но има 14, 15 потенцијални стартери. Потоа има посебна група, а потоа и лидерска група. Потоа има момци кои ги завршуваат натпреварите за нас и ја добиваат енергијата како што треба и имаат улога да поставуваат стандарди и да ги прифаќаат своите улоги за предизвикување. Овие улоги секогаш можат да се менуваат, но, во мојата глава, има 14, 15 вистински стартери, а Џуд е еден од нив.
- Мислам дека тој всушност, во овој момент, е во идеална позиција, бидејќи имаше пауза и има желба да се врати на теренот. Можете да видите дека Џуд има решителност, има храброст, ова е клучна карактеристика. Можете да видите дека доаѓа од повреда и е полн со енергија, среќен што се врати на теренот. Тој имаше пауза, за жал, во одлучувачки дел од сезоната за Реал Мадрид. Свеж е, сака да игра и е во врвна форма. Изгледа добро на тренинзите, - порача Германецот кој воедно обелодени дека Деклан Рајс ќе биде заменик капитен.







