Далиќ за проблемите на Хрватска: Нема играно фудбал цела година…

Дерби

08/06/2026

14:34

167

Големина на фонт

а а а

Хрватска е една од репрезентациите која во континутет играше на високо ниво на претходните неколку Светски првенства, па очекувањата се зголемија и се бараат подобри и подобри резултати.

Меѓутоа навистина е знак прашање што овој состав на „коцкестите“ ќе може да направи на мундијалот во САД, Канада и Мексико, двете подготвителни средби за овој настан против Белгија и Словенија покажаа доста слабости без разлика на тоа што овие вторите беа совладани со 2-1.

Селекторот Златко Далиќ е свесен дека клучните играчи не му се во посакувана форма и ритам и тоа јавно го потенцираше по славјето над Словенците со голот на Пашалиќ во судиското продолжение.

- Тежок меч, доста агресивен и жив. Во првото полувреме имавме проблеми со Словенците кои брзо се отвораа, не бевме добри во дефанзивната транзиција. Имаа два зицери, тоа нè загрижува. И примивме гол од наша грешка, грешките чинат многу и мора да го поправиме тоа. Важно е што победивме, но не направивме сè што сакавме.

- Сакавме да им дадеме минути на играчите, да ги вратиме Ковачиќ, Модриќ и Гвардиол во игра. Гвардиол го одигра целиот натпревар, што е плус, Лука и Кова играа помалку. Имаше добри работи, но и лоши работи што треба да ги поправиме. Технички грешки што вообичаено не ги правевме, сега ги направивме и противникот ни се закани поради тоа. Имаме уште десет дена тренинг и треба да го поправиме тоа.

- Ковачиќ нема играно фудбал цела година, двапати беше повреден. Ќе му биде тешко да се врати во оптимална форма, но ни е потребен во некои ситуации, тој е човек кој секогаш може да ни помогне. Лука беше надвор од теренот еден месец, тоа иде подобро, а Јошко го одигра целиот натпревар и мислам дека го добивме., - порача Далиќ.