Гордон за советот од Рашфорд по трансферот во Барселона: Ми раскажуваше за…

Дерби

08/06/2026

06:55

536

Големина на фонт

а а а

Ентони Гордон во новата сезона ќе го гледаме во дресот на Барселона што за многумина е и изненадување затоа што трансферот се реализираше за многу брзо време.

Офанзивецот се поврзуваше со Баерн Минхен, Ливерпул…, ама не и со шпанскиот првак кој се впушти во офанзива и го обезбеди неговиот потпис за наредните пет сезони.

Ова можеби значи и крај на приказната на Маркус Рашфорд со каталинците, поточно во моментов изгледа се понерално дека Барса ќе го откупи неговиот договор од Манчестер Јунајтед. И покрај се Маркус без никакви проблеми застанал до Гордон и директно разговарал со него и му дал по некој совет.

-Тој само ми кажуваше колку се добри момците таму, за тимскиот дух што го имаат, што веќе го слушнав од луѓето во Барса. Па навистина се радувам да им се придружам. Ми раскажуваше и за градот, местата за живеење. Тој е прекрасен човек, многу грижлив. Па само ми даде малку информации, -вели Ентони кој смета е подготвен за новиот чекор во кариерата.

-Ова беа озбудливи две недели, но најдобрите две недели што некогаш сум ги имал за мене и моето семејство. Навистина беше добро бидејќи им велев уште од многу мала возраст, реков во моето интервју, дека ќе стигнам до оваа точка. Но, тие ми велеа, честитки и такви работи и ова и она. Воопшто не сум задоволен само што играм за Барселона. Сакам да освојам сè. Тука започнува мојата кариера во мојот ум. Значи, сум во фазата за која отсекогаш велев дека ќе бидам. Сега треба повторно да стигнам до следното ниво, -заклучи доскорешниот играч на Њукасл.