[ВИДЕО] Ериксен повторно се сруши на терен, Данците излегоа со прва информација за неговата состојба

Дерби

07/06/2026

22:12

1.027

Големина на фонт

а а а

Данска и Украина вечерва играат пријателски меч во Оденсе, но истиот не го дочека својот крај затоа што со нов здравствен проблем се соочи Кристинан Ериксен.

Ериксен пред неколку години се сруши на теренот за време на ЕП, лекарите му го спасија животот, а потоа тој продолжи активно да игра фудбал.

Денеска се соочи со нов проблем, се фати за градите и падна, медицинските лица веднаш реагираа и она што е најважно се се заврши како што треба. Данците објавија дека е свесен, а со порака се јави и лекарот кој информираше дека Кристијан е во ред и дека сега следат детални медицински прегледи кои ќе покажат која е причината за инцидентот.