Флорентино потврди победа и посочи: Ни се враќа еден од најдобрите тренери во светот

Дерби

08/06/2026

12:33

307

Големина на фонт

а а а

Флорентино Перез го порази Енрике Рикелме и со речиси 70 проценти од гласовите избори победа во претседателските избори во Реал Мадрид, сценарио со кое само се потврди тоа што беше очекувано.

Искусниот фудбалски работник ќе претседава во Реал Мадрид најмалку до јуни 2030-та година, а покрај најавените засилувања во играчкиот кадар како Конате и Дамфрис, повеќе од јасно е дека во најскоро можно време ќе биде претставен Жозе Мурињо.

Искусниот португалски стручњак ќе ја стартува својата втора етапа како тренер на Реал Мадрид, нешто што стана официјално потврдено откако Перез славеше на претседателските избори.

– Ова е среќен ден за сите мадридисти. Благодарност до сите кои ми дадоа поддршка, без вас сосиосите, немаше да бидам во можност да извојувам победа. Ова е вториот најдобар резултат на едни претседателски избори во историјата, а можеше да биде и прв ако не ни повлечеа гласови кои беа важечки.

– Горди сме што го имаме најдобриот стадион во светот, горди сме што ги имаме најдобрите играчи во светот и горди сме што ни се враќа еден од најдобрите тренери во светот, тоа е Жозе Мурињо. Реал Мадрид отсекогаш бил во рацете на своите сосиоси и тоа така ќе остане и во иднина, – порача Перез.