Инфлуенсерот од Куманово, Марио Арангеловски, ја освежи домашната Инстаграм сцена со интересна и забавна рубрика во која на јавни личности им поставува едно едноставно, но мошне љубопитно прашање – „Колку чини твојот аутфит?“.
Игор Џамбазов, Сергеј Варошлија, Тамара Тодевска, градоначалникот Максим Димитриевски, Пајак, Октај Сејди, Јосиф, Полина, Иван Наумовски - се само дел од јавните личности што одговорија на ова прашање.
Нивните одговори често ја изненадуваат публиката – бидејќи, иако на прв поглед изгледаат како да носат скапи комбинации, во многу случаи облеката и обувките се всушност мошне пристапни.
Заедничко за сите е впечатокот дека не е важна цената, туку стилот и начинот на кој се носи аутфитот. Секој од соговорниците покажува дека добриот изглед воопшто не зависи од етикетата или брендот.
Арангеловски со својата рубрика не настојува да создаде споредби или да наметне чувство на вреднување преку цената на гардеробата. Напротив, целта е едноставна – да понуди лесна забава, урбан Инстаграм-шоу формат и свежа перспектива кон тоа како јавните личности ја доживуваат модата.
Со секое ново видео, рубриката станува сè попопуларна, а публиката со нетрпение очекува да открие кој ќе биде следниот гостин и – колку навистина „чини“ неговиот или нејзиниот аутфит.
Автор: Ц.Н.