Згодната пејачка Туна Сејдиу ужива во својата најголема улога во животот – мајчинството.
Убавата Туна е мајка на две деца Тиан и Зен, а своето слободно време го користи да ужива во заедничките моменти со своите најсакани, па така докажува всушност колку грижлива и посветена мајка е.
Овојпат семејството на пејачката одлучило да замине на патување во егзотичниот Занзибар, којшто неретко луѓето го бираат за дестинација за одмор поради тоа што навистина има што да понуди.
Туна редовно споделува моменти од одморот на социјалните мрежи, а како што може да видиме нејзиниот изглед е навистина беспрекорен, па се чини како улогата на мајка да ја подмладила.
Во црно бикини и со цвет во косата, пејачката изгледа навистина беспрекорно, шетајќи по егзотичните плажи и уживајќи во секој момент од одморот.
Туна и нејзините наследници уживале во работите кои им ги нуди овој остров, па така посетиле еден познат аквариум, но исто така и ги галеле желките.
Аквариумот е уникатна туристичка атракција и се наоѓа во пештера – комбинација на вистинска природна убавина од која запира здивот. Во „Salaam Cave Aquarium“ може да уживате во неверојатниот подводен свет.
Едно е сигурно, Туна навистина ужива во убавините на Занзибар заедно со своите две прекрасни синчиња.