Во време кога вистинските љубовни приказни стануваат сѐ поретки, Ана и Александар Митевски се потсетник дека љубовта, кога е искрена и посветена, трае.
Овој познат македонски музичар и неговата сопруга, слават четврт век заеднички живот, опкружени со најдрагоценото – нивните ќерки Ања и Мања.
Во топла и семејна атмосфера, прославата ги обедини најблиските, но и бројни пријатели и следбеници, кои со радост ја прифатија објавата на семејната фотографија.
Ана и Александар Митевски денес слават 25 години брак ❤️ Заедно со нивните ќерки Ања и Мања 😊
Posted by Дац & Александар / Dragan Spasov Dac & Aleksandar Mitevski on Недела, 21 септември 2025
Под објавата се нижат бројни коментари исполнети со љубов и почит:
„Благо тебе, Александар, со три преубави жени. Среќно!“, „Честитки, убаво семејство!“, „Среќна годишнина! Да сте среќни и вечни вака сите заедно“, „Прекрасно семејство. Честитки за годишнината!“.
Семејството Митевски важи за симбол на блискост, посветеност и семејна хармонија – вредности кои во денешното време се сѐ поретко видени, а сѐ повредни кога постојат.
25 години љубов, разбирање и заедништво не се само бројка – туку темел на приказна што продолжува да инспирира.
Автор: Ц.Н.