[ФОТО/ВИДЕО] „И целиот свет да е против мене, најважно е што те имам тебе“: Лила Филиповска му посвети објава на најсаканиот човек во нејзиниот живот

Точка

25/09/2025

12:16

1.856

Големина на фонт

а а а

Популарната македонска водителка, воедно и инфлуенсерка Лила Филиповска, често истакнува дека нејзиниот син ѝ е најголемата поддршка во животот.

Тие често поминуваат заеднички моменти заедно, како што се семејни патувања и присуство на настани, а среќните моменти од нивните животи неретко ги објавуваат и на социјалните мрежи.

Вчера „центарот на нејзиниот свет“, како што милува да каже јавно водителката, нејзиниот Филип наполни 31 година, а мајка му, му го честиташе роденденот на Инстаграм, па напиша:

„И целиот свет да е против мене... Најважно е што те имам ТЕБЕ. Денес е роденден на најважниот човек во мојот живот – Филип.

Безусловна љубов, поддршка и среќа. Да си здрав, жив, секогаш весел и насмеан и секогаш да си моја гордост како и до сега... Те сака твоја Лики“, напиша водителката.

Лила често истакнува дека нејзиниот син ѝ е најголема инспирација и потпора во животот, а ваквите нејзини објави само ја потврдуваат големата мајчинска љубов која ја дели со него.