40 години го обожаваме, а не го знаеме неговото вистинско име: Холивудскиот актер е роден во Европа под сосема друго име

Точка

27/09/2025

15:32

16.097

Големина на фонт

а а а

Малку е познато дека едниот од најпознатите актери на сите времиња е роден во Западна Германија и дека Брус е неговото средно име.

Брус Вилис, една од најголемите филмски ѕвезди, во последните години живее повлечен живот, борејќи се со фронтотемпорална деменција, која му била дијагностицирана по афазија, која првично го принудила да се повлече од глумата.


Познатиот актер зад себе има долга кариера и бројни успешни улоги, меѓу кои се оние во серијалот „Умри машки“, потоа филмовите „Дванаесет мајмуни“, „Петтиот елемент“, „Шестото сетило“… Тој се прослави и со улогата во серијата „Случајни партнери“, а пред бракот со сегашната сопруга, Ема Хеминг, 13 години беше во брак со холивудската ѕвезда Деми Мур.

Вистинското име и потеклото на Брус Вилис

Вистинското име на Брус Вилис е всушност Волтер, што доаѓа од германскиот Валтер и значи „моќен воин“ или „војсководач“.


Волтер Вилис е роден на 19 март 1955 година во Идар-Оберштајн, град во тогашна Западна Германија. Неговата мајка била Германка, Марлен од Касел, додека неговиот татко Дејвид бил американски војник. Двојката имала уште три деца: ќерката Флоренс и синовите Роберт и Дејвид.

Инаку Брус е всушност средното име на Волтер Вилис, а тој го избрал како свое име бидејќи звучи поедноставно и е попрепознатливо во Холивуд.


Откако ја напуштил војската во 1957 година, таткото на Вилис се преселил со семејството во Њу Џерси, каде што работел во фабрика и како механичар, додека мајка му се вработила во банка. Додека одел во средно училиште, Брус имал проблеми со пелтечењето, поради што се зачленил во драмската секција за да поработи на говорот, а по дипломирањето, често менувал работни места, работејќи како обезбедувач, келнер, приватен истражител…


Потоа се запишал на студии по глума на Државниот универзитет Монтклер, а подоцна се преселил во Њујорк за да има повеќе опции за градење кариера во глумата. Веќе во 1985 година добил можност во серијата „Moonlighting“, а потоа понудите само се ределе…