Финансиски експерт предупредува инвеститорите да не користат "AI" алати како „кристални кугли“

Точка

25/09/2025

14:41

205

Големина на фонт

а а а

Малите инвеститори експериментираат со вештачка интелигенција за избор на акции, додека пазарните експерти предупредуваат на грешки и опасности од неискусна употреба на технологијата.

Вештачката интелигенција им овозможи на сите со интернет-врска пристап до финансиска и пазарна анализа на ниво на „Wall Street“. Чет-ботови како „ChatGPT“ им овозможуваат на инвеститорите да избираат акции, да ги следат перформансите и да добијат увиди кои некогаш беа резервирани само за институционални играчи. Сепак, експертите предупредуваат дека таа погодност доаѓа со сериозни ризици за потенцијалните инвеститори.

Таканаречениот сектор на „робо-советници“, кој вклучува финтек компании и банки што нудат алгоритамско советување, се очекува да порасне од 61,75 милијарди евра минатата година на 470,91 милијарди евра до 2029 година – речиси шесткратно – според податоците на „Research and Markets“, пишува „Reuters“.

Џереми Леунг, поранешен аналитичар на швајцарската банка „UBS“ (глобална инвестициска и комерцијална банка која нуди услуги за управување со финансии и инвестициско банкарство), денес користи „ChatGPT“ за своето портфолио со повеќе класи на средства.

„Немам веќе луксуз на ’Bloomberg Terminal‘ или слични услуги за пазарни податоци кои се многу, многу скапи. Дури и еден едноставен алат како ’ChatGPT‘ може многу да направи и да реплицира дел од процесите кои некогаш јас ги извршував“, изјави Леунг за „Reuters“. Но, тој нагласува дека јавно достапните "AI" алати немаат пристап до информации за кои вообичаено мора да се плати.


Проблемот со "AI" „кристалната топка“

Според глобалното истражување на платформата „eToro“ – онлајн сервис за тргување со акции и криптовалути – спроведено меѓу 11.000 мали инвеститори, половина од испитаниците изјавиле дека би користеле "AI" алати како „ChatGPT“ или моделот „Gemini“ на „Google“ за избор или адаптирање на инвестиции, додека 13 проценти веќе ги користат.

Во Велика Британија, порталот „Finder“ за споредба на финансиски производи наведува дека 40 проценти од испитаниците користеле "AI" за совети околу лични финансии.

„"AI" моделите можат да бидат брилијантни. Ризикот настанува кога луѓето третираат генерички модели како ’ChatGPT‘ или ’Gemini‘ како кристални кугли“, изјави за „Reuters“ Дан Мочулски, директор на „eToro“ за Велика Британија. Специјализираните "AI" платформи и натаму се посигурни за пазарна анализа.


Прво претпазливост

„Finder“ во март 2023 година го тестирал „ChatGPT“ при избор на акции според задолженост, раст и конкурентски предности. Кошницата од 38 акции – меѓу кои „Nvidia“, „Amazon“, „Procter & Gamble“ и „Walmart“ – пораснала за речиси 55 проценти, надминувајќи ги десетте најпопуларни британски фондови за 19 процентни поени.

Леунг ја нагласува потребата од внимателно формулирање на прашања до чат-ботовите и јасни инструкции за користење исклучиво на веродостојни извори од финансискиот сектор.

Дури и со растечки индекси како „STOXX 600“ (паневропски индекс на 600 големи компании) и „S&P 500“ (индекс на 500 најголеми американски компании), малите инвеститори кои се потпираат на "AI" алати би можеле да се соочат со сериозни тешкотии при пад на пазарот.

„Ако луѓето се навикнат да инвестираат користејќи "AI" и притоа заработуваат, можно е да не можат да се снајдат во време на криза или пад на пазарот“, предупреди Леунг.