[ФОТО/ВИДЕО] „Богот на хаосот“ брза кон Земјата, ќе се појави на петок 13: Ќе може да се види со голо око, научниците сакаат да запомните 3 работи

Точка

22/09/2025

10:54

2.980

Големина на фонт

а а а

Астероидот за којшто некогаш се мислело дека претставува закана по Земјата би можел со голо око да го видат дури две милијарди луѓе, кога ќе прелета покрај нашата планета во 2029 година.

„Апофис е голем астероид со пречник од 240 метри којшто безбедно ќе помине покрај Земјата, поблиску од геосинхроните сателити, на 13 април 2029 година, петок – затоа што природата има смисла за хумор“, рекол Ричард Бинзел, професор по планетарни науки на Технолошкиот Институт Масачусетс во воведното предавање во Хелсинки.

„Екстремно ретка појава“

Иако е класифициран како потенцијално опасен астероид, Апофис не претставува никаква опасност за Земјата туку само можност да се набљудува и проучува затоа што при поминувањето во април 2029 година ќе биде оддалечен на само 5,9 Земјини радиуси, пишува порталот „Спејс“.

Бинзел изјавил дека прецизноста на пресметаната орбита на Апофис е резултат на дводецениските детални астрометриски и радарски мерења.

Блиското поминување покрај Земјата на астероид со големина на Апофис којшто името го добил по древното египетско божество на хаосот и темнината е екстремно ретка појава која, според Бинзел, во просек се случува еднаш во 7.500 години.

„2029 година е завршниот испит“

Оваа исклучително блиска средба претставува единствена можност и за планетарната наука и за планетарната одбрана.

Претстојниот настан дава можност вселенските летала да се приближат и да набљудуваат како интеракцијата со Земјиното гравитациско поле и магнетосферата влијаат на Апофис и го менуваат, што ќе го подобри нашето разбирање на физиката на астероидите. Мерењата на особините на астероидот исто така се клучни за способноста на планетарната одбрана која ја развиваат агенциите ширум светот.

„Ова ќе биде завршен испит. Завршен испит во 2029 година. Мора да учиме и да се подготвиме за завршниот испит“, се пошегувал Бинзел.


Кој ќе го проучува астероидот?

Според „Спејс“, планираната мисија за проучување на астероидот вклучува:

- Европска мисија „Рамзес“, составена од леталото „Хера“ која е продолжение на мисијата „ДАРТ“ на американската вселенска агенција НАСА од 2022 година.

- Јапонската мисија „Дестини+“.

И двете би требало да бидат лансирани во 2028 година, како и „Озирис-Апекс“ од НАСА којшто веќе е на пат кон прелетот по својата мисија со астероидот Бен.

Две милијарди луѓе ќе можат да го гледаат

Се очекува преминувањето на астероидот да привлече огромен број набљудувачи од Земјата. Најмногу ќе може да се види од Африка и Западна Европа затоа што ќе помине на 10 отсто оддалеченост меѓу Земјата и Месечината.

„Тоа е четири пати повеќе луѓе од оние кои гледале кога Нил Армстронг одел по Месечината. Размислете каков настан ќе биде ова“, рекол Бинзел.

„Сакам да запомнете три работи: Апофис безбедно ќе помине покрај Земјата. Апофис безбедно ќе помине покрај Земјата. Апофис безбедно ќе помине покрај Земјата“, потенцирал Бинзел.