На социјалните мрежи се шират снимки од брутални тестови, но уредот редовно излегува "неповреден".
Иако многумина сомневаат дека исклучително тенките паметни телефони лесно би можеле да пукнат, новиот „iPhone Air“ покажува сосема спротивно. Со дебелина од само 5,7 милиметри, тој е потенок дури и од „Samsung Galaxy S25 Edge“, но тестирањата покажуваат дека е навистина цврст.
Првите корисници и рецензенти веднаш започнаа со тестови на виткање, потсетувајќи на аферата „Bendgate“ со „iPhone 6 Plus“, но овојпат резултатите се целосно различни. Од удирање со чекан до притискање преку рабовите на масата, уредот останува негребнат.
What's the iPhone AIR made of?
— Rjey (@RjeyTech) September 18, 2025
This phone is indestructible. pic.twitter.com/lk0OvKJs50
Најпрецизно мерење спровел кинескиот Јутјубер „Mediastorm“. Машината применила сила од-60,1 kgf на „iPhone Air“, а на „iPhone 6 Plus“-60,2 kgf. Додека стариот модел видливо се деформираше, новиот „Air“ покажал само блага закривеност и веднаш се вратил во првобитниот облик.
На социјалните мрежи се шират снимки од брутални тестови, но уредот редовно излегува "неповреден". Дури и „Apple“ објави свои демонстрации во кои телефонот поднесува притисок од 58 килограми без никакви последици.
За споредба, „Galaxy S25 Edge“ исто така успешно го помина тестот, иако задниот панел делумно се одвоил, додека некои други "Android" модели попуштиле.