"ChatGPT" сепак не може да одговори на секое прашање! Погледнете ја снимката што ги воодушеви луѓето

Точка

19/09/2025

18:09

829

Големина на фонт

а а а

На интернет кружи видео од човек кој решил да ги тестира границите на „ChatGPT“, барајќи од вештачката интелигенција да изброи до еден милион.

Објавата стана вирална и започна дискусија за можностите на вештачката интелигенција, пренесува „Unilad“.

Неочекуван одговор

На почетокот, човекот со гласовна команда побарал од „ChatGPT“ да почне да брои, но се случило нешто неочекувано. "AI" системот го одбил барањето, објаснувајќи дека процесот би траел со денови и дека нема практична смисла.

Човекот инсистирал, наведувајќи дека има доволно слободно време – бидејќи е невработен – и дека платил претплата за „софистицираната програма“.

„ChatGPT“ не попуштил, објаснувајќи дека задачата не е корисна. Разговорот станувал сè потензичен, па на крајот човекот почнал да вика.

Тогаш софтверот предложил да најдат некоја друга задача.

@chadoomer ChatGPT counts to a million #chatgpt #ai #chatgpt5 #comedy #1million ♬ original sound - Chadoomer

Лавина коментари на мрежите

Во еден момент, човекот рекол дека „извршил злосторство“, а „ChatGPT“ одговорил дека не може да влегува во такви разговори и го потсетил на правилата за користење.

Снимката предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Еден корисник напиша: „И јас го направив истото, а добив одговор дека ’снимката‘ би била огромна. Тоа веројатно значи дека компанијата ’OpenAI‘ ги бележи разговорите со ’ChatGPT‘.“

Друг додаде: „Според моето искуство, ’ChatGPT‘ има проблем и со основна математика, па броењето до еден милион веројатно би било невозможно.“