[ФОТО] Вистинско богатство во земјата која и Македонците ја обожуваат: По 109 години извлечени предмети од сестринскиот брод на „Титаник“ – еве што нашле на дното од морето

Точка

17/09/2025

19:19

792

Големина на фонт

а а а

Нуркачите го извлекле првиот дел од предметите на сестринскиот брод на „Титаник“ којшто потонал во Грција во 1916 година, меѓу кои имало навигациски светилки, керамички плочки, двоглед...

Грчкото Министерство за култура соопшти дека истражувачката програма опфатила „прво извлекување на предмети од местото на потонатиот брод „Британик“ на длабочина од околу 120 метри“.

Бродот „Британик“ бил еден од трите трансатлантски патнички бродови изградени во бродоградилиштето „Harland & Wolff“ во Белфаст, а вториот брод бил Титаник.

Британскиот адмиралитет во текот на Првата Светска војна, го зел бродот „Британик“ и го претворил во пловечка болница. Додека пловел кај грчкиот остров Кеа, во ноември 1916 година, бродот налетал на германска мина.

Пловилото потонало за помалку од еден час. Од 1.065 луѓе кои се наоѓале на бродот, 30 починале кога бродските пропелери закачиле два чамци за спасување, соопштило Министерството за култура.

Струи, длабочина и слаба видливост

Проектот на документирање на остатоците од бродот и неговата содржина бил спроведен во мај, а во него учествувал тим од 11 професионални нуркачи специјализирани на нуркање на големи длабочини.

Истражувањето го организирал британскиот историчар-аматер Сајмон Милс, основач на Фондацијата Британик, а го надгледувал од одделението во внатрешноста на грчкото Министерство за култура кое е задолжено за подводна археологија, пишува британски „Гардијан“.

„Условите на местото на потонатиот брод беа особено тешки поради струите, длабочината и слабата видливост“, навело Министерството додавајќи дека одредени предмети, првобитно биле избрани за извлекување, а истите не можеле да бидат земени поради својата локација и состојбата на зачуваност.


Предметите ќе бидат изложени во музеј

Извлечени предмети:

- Бродско ѕвоно од местото за набљудување;
- Навигациска светилка од левата страна на бродот;
- Различни парчиња пренослива опрема од прва и втора класа;
- Керамички плочки од турска бања;
- Еден двоглед.

„Предметите се префрлени во специјализирани лаборатории во одделението во Атина и се работи на понатамошно конзервирање, а ќе бидат дел од постојана поставка во нов музеј за подводни предмети кој е во изградба во Пирејa“, соопштило Министерството.

Инаку, првиот брод од оваа група, „Олимпик“, пловел од 1911 до 1935 година, а по потонувањето на „Титаник“ во 1912 година безбедноста била значително подобрена.