[ФОТО] Дали знаете кој е најсончевиот град во Европа? Две места се борат за тронот

Точка

01/09/2025

20:09

2.079

Големина на фонт

а а а

Два шпански града се борат за титулата најсончев град во Европа. Тоа се Аликанте и Картагина.

Во суштина Аликанте е одамна познат како шампион, но токму за него бројни извори наведуваат дека е град со најмногу сончеви часа. Но, според последните извештаи, Картагина е прв град во Европа по просечен број на сончеви часа.

Како и да е, бројките се следни:


Некои извори велат дека Аликанте има просечно околу 340 сончеви часа месечно. Други студии наведуваат дека Аликанте е на второто место со просек од 279,2 сончеви часа месечно, а дека Картагина е на првото место со 283 сончеви часа месечно.

Освен изобилството на сонце и двата града можат да се пофалат со бројни знаменитости, атракции и содржини.

Аликанте, градот „престолнина“ на шпанската покраина Валенсија е популарна туристичка дестинација. Основан во 324 година пред наша ера, а познат е по своите песочни плажи.

Меѓу зградите, неговиот главен адут е замокот Санта Барбара, сместен на врвот од брдото Бенакантил на висина од 166 метри, инаку една од најголемите средновековни тврдини во Шпанија.


Еден од симболите на градот е шеталиштето Ла Експланада де Еспања. Се протега паралелно со крајбрежје има многу палми, а подот е направен од дури 6,6 милиони црвени, беж и црни мермерни плочи. Најфотогенична зграда во градот е Каса Карбонел, а се наоѓа на тоа шеталиште.

Што се однесува до Картагина тоа е втор најголем град во регионот Мурси, пристаниште и најважна поморска шпанска база на Медитеранот.

Градот е основан во 227 година пред наша ера, а во еден момент бил главно пристаниште за сите бродови кои влегувале кон шпанската колонија.

Понекогаш го нарекуваат „скриено катче на Шпанија“ колку и да е можно тоа, а причината е тоа што во туристичка смисла сѐ уште е во сенка на гигантите како Валенсија и Барселона.


Картагина не може да се пофали со голем број дворци, но и низа градби од почеток на 20 век, но едно од најголемите богатства е римскиот театар од 1 век којшто бил откриен во 1987 година во центар на градот.