Филмскиот фестивал во Венеција отсекогаш бил многу повеќе од фестивал за филм, тој е и модна писта на која најголемите ѕвезди на светот го прикажуваат својот личен стил, поставуваат трендови и испраќаат модни пораки кои се паметат.
Годинава посебно внимание привлекла Кејт Бланшет, двократната добитничка на Оскар и икона на елеганцијата која уште еднаш покажала дека е непогрешлива кога станува збор за изборот на стајлингот.
На црвениот тепих се појавила со спектакуларен фустан украсен со пердуви, парче кое ја надминува самата естетика и прераснува во уметнички израз.
Бланшет е позната по својот вкус за мода и храброста да експериментира со неа, а овојпат одлучила да носи креација од модната куќа „Maison Margiela“.
Брендот зад којшто стои енигматичниот дизајнер Мартин Маргиел одамна е синоним за иновативност, авангарда и софистицираност во модата.
Фустанот не бил само гламурозен стајлинг, бил своевидна порака. Кејт со него ја споила елеганцијата и театралност, ја нагласила улогата на модата како важен сегмент од културната и уметничката експресија и уште еднаш потврдила дека е една од ретките актерки за кои модата значи.
Публиката и модните критичари се согласни во едно, Кејт не само што владее на филмското платно туку и на црвениот тепих.