Внимавајте: Една намирница прави хаос во вашето тело, а сите мислиме дека е здрава

Точка

02/09/2025

09:54

1.785

Големина на фонт

а а а

Бананите со години се сметаат за здрава ужина, но нутриционистите предупредуваат дека прекумерното консумирање може сериозно да го наруши вашиот организам.

Дали знаевте дека ова омилено овошје може да предизвика проблеми со шеќерот, варењето, па дури и со тежината.

Банани – здрави, но понекогаш проблематични

Бананите се природно богати со шеќер и јаглехидрати, што ги прави одличен извор на енергија. Меѓутоа, кога се јадат во прекумерни количини или во погрешно време можат да го зголемат нивото на шеќер во крвта и да го оптоварат панкреасот.


Исто така тие можат да доведат до нагли скокови и падови на енергијата, да предизвикаат надуеност или проблеми со варењето кај чувствителните лица, долгорочно да придонесат во гојазноста доколку не се комбинираат со избалансирана исхрана.

Нутриционистите нагласуваат дека бананата не е лоша сама по себе, проблемот настанува кога ја јадеме премногу често во текот на денот.

Зошто сите мислат дека бананите се здрави

Причината е очигледна, бананите се природни, слатки и богати со калиум, растителни влакна и витамини. Популарни се како брза ужина и здрава алтернатива за слатки. За жал, лесно може да ги прецените и да внесете повеќе шеќер отколку што телото може да обработи.


Како да јадете банани без ризик

Една до две банани дневно вообичаено се доволни за возрасни луѓе. Комбинирајте ја бананата со протеини или здрави масти како што се јогуртот и јаткастите плодови, за да го намалите наглиот скок на шеќер.

Избегнувајте да јадете банана пред спиење, шеќерот може да му пречи на сонот.

Доколку сакате дополнителна енергија, бирајте зрели банани кои ви одговараат, помалку зрелите банани се богати со скроб и побавно го зголемуваат нивото на шеќер во крвта.