[ФОТО] Овие места треба да ги посетите пред да станат популарни, а некои од нив се наоѓаат во наша близина

Точка

02/09/2025

14:29

1.793

Големина на фонт

а а а

Патниците сѐ повеќе бараат „скриени скапоцености“, не толку развиени дестинации кои без метеж ќе им понудат автентично доживување.

И, секако дека веднаш се појавила листа на земји кои „треба да ги посетите пред да станат популарни“.

Една од нив која се споделува на социјалната мрежа Инстаграм е за оние кои сакаат да „се тргнат од популарните места“ и носи седум земји полни со култура и душа кои поминуваат „под радарот“ на масовниот туризам, а треба да ги посетите пред да станат премногу популарни.


Можеби не ви звучи дека такво нешто може да се случи со Албанија и Босна и Херцеговина, но овие две земји се нашле на таа листа.

Северна Албанија е претставена со фотографии од недопрени алпски долини, кристално сини езера и најдинамичната планинска рута Проклетија.

Во Босна и Херцеговина се истакнуваат „османлиските мостови, смарагдните реки и старите градови каде истокот се сретнува со западот“, а особено може да се пофалат и со кујната.

На пописот се нашол и Тајван како „рај за љубителите на храна со живи ноќни пазари, бујни зелени планини и култура која ја спојува традицијата и модерното“.


Оман, каде пустинските дини се спуштаат во морето, а небото е исполнето со ѕвезди, потоа Грузија со своето вино, снежни врвови на Кавказ, плажите на Црното море.

Узбекистан исто така се нашол на листата којшто ја чува историјата на „патот на свилата“ во своето најубаво издание, како и Јордан со Мртвото море и разните историски мозаици кои ги поседува.