Луѓето масовно го напуштаат градот на соништата: Трошоците за живот отидоа во небо, „луксузниот сон“ стана кошмар

Точка

01/09/2025

22:02

4.522

Големина на фонт

а а а

Години наназад Дубаи беше бисер во круната на британските иселеници, но за некои тој сјај почнува да бледее.

Дубаи долго време ги привлекуваше Британците со ветување за високи плати, луксузен животен стил и ниски даноци. Меѓутоа, растечките трошоци за живот и сè поголемата конкуренција на пазарот на труд го прават тој „дубајски сон“ сè потежок за остварување, пренесува "Jutarnji list".

Во одредени случаи проблемите станале толку сериозни што британските иселеници не виделе друго решение освен да ги спакуваат куферите и да се вратат дома. Колку е сериозна ситуацијата говори и тоа што фразата „Habibi, don’t come to Dubai“ (Драга, не доаѓај во Дубаи), која стана вирална на социјалните мрежи, заживеа и во реалниот живот.

Рос Ирвин, финансиски директор во компанијата „William Russell“ што се занимава со осигурување на иселеници, за "Daily Mail" изјави дека Дубаи почнува да го губи својот сјај.


„Години наназад Дубаи беше бисер во круната на британските иселеници – нудеше плати без даноци, сонце преку целата година и динамичен начин на живот. Но, неодамнешните извештаи покажуваат дека тој сјај за некои почнува да бледее. Трошоците за живот нагло пораснаа, кириите достигнуваат рекордни височини, образованието и здравството стануваат сè поскапи, а секојдневните издатоци – од намирници до слободно време – значително се зголемија. Истовремено, пазарот на труд станува сè поконкурентен како што градот созрева и станува жртва на сопствениот успех во привлекување глобални таленти“, изјави Ирвин.

Чарли Морган се преселил во Обединетите Арапски Емирати во 2023 година, повеќе поради деловни отколку поради лични причини. Тој го пофалил Дубаи поради поттикнувањето на здрав животен стил и строгите закони за консумирање алкохол. Сепак, по две години таму, решил да си замине бидејќи негативните страни ги надминале позитивните – и тоа и покрај заработка од 30 милиони фунти.

@bellaxabroad How much do you think is needed to live in Dubai? #finance #dubailifestyle #costofliving #costoflivingdubai #costoflivingindubai #lifeindubai #movetodubai #movingtodubai #howtomovetodubai #movetodubaiwithme #movingtodubaialone #dubailife🇦🇪🇦🇪 #moneydubai #financedubai ♬ Pop beat BGM / long version(1283324) - nightbird_bgm

„Проблемот со Дубаи е што сите планираат да си заминат. Тоа е град со вртечки врати – луѓето доаѓаат и си одат“, рекол Морган, објаснувајќи дека иако многумина мислат дека примањата во ОАЕ се ослободени од данок, правилата всушност се многу нејасни.

Една "TikTok" корисничка признала дека била принудена да го напушти Дубаи бидејќи повеќе не можела да ги издржи високите трошоци, а Британецот Ајдан Дојл, кој се преселил пред три години, вели дека градот многу се променил и додава дека расте притисокот да се следи луксузот на соседите.


Елби Хеншо (23) од Лондон се преселила во Дубаи во јануари, уверена дека таму ќе има подобар квалитет на живот. Таа признала дека ѝ недостига британската култура и пабовите, а и дека ѝ било тешко да се вклопи во луксузот што се прикажува на социјалните мрежи поради исклучително високите трошоци за живот. Открила дека сега мора да работи шест дена во неделата за да си дозволи живот таму.

Истовремено, сè повеќе иселеници се обидуваат да заработат на пазарот на недвижнини во Дубаи, што дополнително ги крева цените на становите и кириите. Градот моментално е 15-ти најскап град за живеење во светот и најскап на Блискиот Исток, благодарение на растот на цените на недвижнините од 21%. Поскап е дури и од Тел Авив, Мајами, Чикаго, Париз и Берлин, а го надминува само Лондон.