Чудесно овошје кое ги чува срцето и помнењето: Евтино е и го има насекаде

Точка

01/09/2025

13:30

7.514

Големина на фонт

а а а

Eдно мало, но моќно овошје – брусницата, можеби го крие клучот за чување на помнењето.

Истражувачите од британскиот Универзитет во источна Англија, откриле дека дневното консумирање брусница може да биде клуч за подобрување на помнењето, забавување на развојот на деменција, па дури и намалување на лошиот холестерол.


Студијата следела 60 здрави испитаници во текот на 12 недели, при што половина од нив секојдневно консумирале прав од брусница, додека пак другата половина примала плацебо.

Резултатите биле изненадувачки – испитаниците кои консумирале брусница покажале значајно подобрување во помнењето во секојдневните настани, подобра циркулација на крвта во мозокот и дури намалено ниво на лош холестерол.

Д-р Давид Ваузор, лидер на истражувањето, истакнува дека ова е една од првите студии која го истражува долгорочното влијание на брусницата на когнитивните способности и здравјето на мозокот.

Резултатите биле многу охрабрувачки и можат да послужат како основа за идните истражувања за влијанието на брусницата и сличните бобинки врз здравјето на мозокот.


Брусниците се познати по својата моќ во борбата против слободните радикали во телото, благодарение на антиоксидантите како витамин Ц и Е, како и флавоноиди.

Освен тоа, тие се богати со растителни влакна, што може да помогне во промовирање на здравото варење и чување на здравјето и уринарниот тракт.

Овие мали бобинки можеби ја кријат големата тајна за зачувување на нашиот ум и тело во иднина.