[ФОТО] Научници откриле масовна гробница под руски глечер: Вакво нешто не очекувале, сè е снимено!

Точка

08/08/2025

21:52

3.360

Големина на фонт

а а а

На далечниот север на Русија, каде што арктичкиот мраз со векови го обликува пејзажот, научниците забележаа неверојатни последици од климатските промени.

Експедицијата на Арктичкиот и Антарктичкиот истражувачки институт (AARI) пристигна порано годинава на островот Вилчек, со цел да го проучи пермафростот (почва која непрекинато останува под 0 °C, во период од две или повеќе години) во овој речиси недостапен дел од светот.

Драматичен знак на промени

Експедицијата предводена од геологот Никита Демидов користела сателитски снимки за да ги спореди сегашните и претходните позиции на глечерите. Тие откриле дека ледениот покрив се поделил на два дела за помалку од 20 години, што е драматичен знак на климатските промени кои ги погодуваат и најстудените делови од планетата, објасниле.


„Станува збор за дел од многу поширок процес. Од 2000 година, глечерите низ целиот свет изгубиле околу 5% од вкупниот мраз“, истакнал Демидов.

Но, повлекувањето на мразот откри многу повеќе од само географски промени, пренесува „Live Science“.

Што криел глечерот?

Како што глечерот се топел, ослободил неколку квадратни километри досега заледена површина. На изненадување на научниците, тогаш се појавиле остатоци од десетици скелети на древни китови, расфрлани по теренот како сведоци на заборавеното минато!

Некои скелети биле исклучително добро сочувани, особено оние поблиску до глечерот, каде што ладните услови го забавиле распаѓањето.

Коските поблиску до крајбрежјето покажувале знаци на поголемо оштетување, затоа што подолго време биле изложени на одмрзнување.

Истражувањето продолжува


„Овој палеонтолошки наод укажува на епизода на нагли промени на нивото на морето што се случила пред неколку илјади години во областaта на најсеверниот архипелаг на Евроазија“, објаснил Демидов.

Базата на научната експедиција се наоѓа на бродот „Професор Молчанов“, а истражувањата ќе продолжат во текот на август, објави руската државна агенција „ТАСС“.

Ова исклучително откритие не само што нуди редок увид во арктичката фауна од далечното минато, туку и потсетува на сè побрзите промени кои ја обликуваат нашата планета денес.