Дека жените можат да доживеат различни видови оргазми е добро познато, а тоа е и научно потврдено – клиторисен, вагинален, мешан или повеќекратен оргазам се само некои од нив
Вагинален оргазам
Сѐ уште се водат дебати дали навистина постои Г-точката или не, но 30 проценти од жените тврдат дека можат да доживеат сексуален врв само со пенетрација и стимулација на таа фамозна ерогена зона.
Техника:
Прво, лоцирајте ја вашата жешка зона. Подарете си вечер за себе и истражувајте го предниот ѕид на вагината со прстот додека не наидете на подрачје кое е набрано – но и со сунѓереста текстура. Ако ја допирате таа точка директно, треба да чувствувате пријатност и возбуда.
Подоцна, за време на сексуалниот однос, наведете го партнерот да се фокусира на вашата Г-точка. Легнете на страна лице во лице, а нозете нека ви бидат удобно испреплетени – замислете два пара вкрстени ножици. Кога партнерот ќе пенетрира, нека го трие предниот ѕид од вашата вагина со пенисот.
Зголемете ги шансите:
Постигнувањето вагинален оргазам е поверојатно колку што подолго трае односот, барем според студија објавена во „The Journal of Sexual Medicine“. Целта би била сексуален однос од најмалку 15 минути – што не е секогаш лесно. За да ја одржите возбудата на посакуваното ниво, често менувајте сексуални пози.
Клиторисен оргазам
Знаете дека вашата надворешна точка на уживање е високо чувствителна благодарение на дури 8000 нервни завршетоци. И ако сте како повеќето жени, токму тоа е подрачјето чие што стимулирање може да ве доведе до лудило.
Техника:
Нека партнерот прави големи кружни движења со прстите околу вашата интимна зона, вклучувајќи ги и големите и малите усни, како и подрачјето над клиторисот. Тоа може да го прави за време на предигра, но и додека сте во „doggy style“ или слична поза од позади.
Зголемете ги шансите:
Колку појасно ги изразите вашите желби во врска со брзината, интензитетот и начинот на притисок на клиторисот и околината, толку подобри ќе бидат резултатите. Ако сакате дополнителна игра и повеќе уживање, нека ве стимулира со вибратор што се поставува на прстот.
Мешан оргазам
Стручњаците велат дека комбинираниот клиторисно-вагинален оргазам е најмоќниот можен завршеток, кој може да биде двојно посилен и поинтензивен од секој од нив поединечно.
Техника:
Позата во која жената е одозгора е популарна со причина – совршена е за двоен оргазам. Но, исто така, можете да пробате да седите во скутот на партнерот, но свртени со грбот кон него (тогаш тој може да го стимулира вашиот клиторис, додека вие ја контролирате пенетрацијата). Или, нека тој биде одозгора, но така што вашите колкови ќе бидат усогласени. Малку накривете го вашиот карличен дел така што основата на неговиот пенис ќе го трие вашиот клиторис, а остатокот ќе биде во вас.
Зголемете ги шансите:
Комбинираниот оргазам е полесно да се доживее ако жената е силно возбудена пред сексуалниот однос. Затоа, посветете се на предигра – многу бакнување, допирање, лижење и масажа низ целото тело – и ваше и негово – а ако почувствувате дека волјата ви опаѓа за време на пенетрацијата, вратете се на петингот.
Повеќекратен оргазам
На некои жени им се потребни години за да доживеат оргазам воопшто за време на секс, а самата помисла на неколку е веќе научна фантастика… Пробајте да ги стегате мускулите на карлицата, што ќе го одржи високо нивото на проток на крв, чувствителноста на подрачјето и ќе го олесни патот до втор оргазам. Клучот за постигнување дури и „само“ еден оргазам е предиграта.
Техника:
Нека ве доведе до прв клиторисен оргазам со прсти, уста или вибратор. Веднаш потоа, нека продолжи да ве стимулира на клиторисот, но со побавни движења околу 30 секунди, а потоа нека продолжи во вообичаен ритам за да ве доведе повторно до врвот.
Зголемете ги шансите:
Ако по првиот оргазам сте премногу чувствителни, кажете му на партнерот да продолжи со милување на клиторисот, но преку заштита – на пример преку нежно долно бельо – или нека се фокусира на вашите брадавици.