12 работи што треба да ги знаете за холестеролот: Експертите го побиваат митот за јајцата како главен виновник

Точка

15/04/2025

12:30

1.223

Големина на фонт

а а а

Дали знаете која е разликата меѓу „добриот“ и „лошиот“ холестерол? Треба ли целосно да ги избегнуваме мастите во исхраната?

Иако високото ниво на холестерол не предизвикува видливи симптоми, може сериозно да го загрози здравјето на срцето и крвните садови. Затоа експертите препорачуваат редовни лекарски контроли – особено по четириесеттата година од животот – бидејќи превенцијата е клучот за доброто здравје.

Онлајн кружат збунувачки информации за холестеролот – од тоа дека јајцата се штетни бидејќи содржат холестерол, до идејата дека шеќерот е поголема закана од мастите. Иако има различни начини за толкување на неговото ниво, едно е сигурно: холестеролот може сериозно да го наруши здравјето.

– Сфатете ја превенцијата сериозно, бидејќи ако вашиот холестерол е висок подолг временски период, тој почнува да се таложи во артериите – предупредува д-р Мануел Мајр, кардиолог и професор на Империјал Колеџ во Лондон.

Тој го споредува крвотокот со машина за перење: „Ако водата е валкана, има поголема шанса машината да се затне.“ Истото важи и за крвните садови – вишокот лош холестерол може да предизвика блокади и да го зголеми ризикот од срцев или мозочен удар.


Што е холестерол и зошто е важен?

„Холестеролот е масна супстанца што природно се наоѓа во телото“, објаснува Емили Мекграт од Британската фондација за срце (BHF). Ни е потребен во одредена количина – се користи за создавање хормони како естроген и тестостерон, и е важен за нормално функционирање на клетките.

„Но, кога неговото ниво ќе ја надмине дозволената граница, станува проблем“, додава диететичарката Трејси Паркер.

Нивото на холестерол зависи од генетиката, исхраната и начинот на живот. Постојат два основни типа:

• ЛДЛ („лош“ холестерол) – кога е во вишок, се таложи во артериите и го зголемува ризикот од срцеви заболувања.

• ХДЛ („добар“ холестерол) – помага да се отстрани ЛДЛ од крвта.

– Доказите јасно покажуваат дека намалувањето на ЛДЛ холестеролот го намалува и ризикот од срцеви проблеми – вели д-р Мајр.

10 работи што треба да ги знаете:

Кога да го проверите холестеролот?

• Возрасни од 40 до 74 години – на секои 5 години

• Над 75 години – еднаш годишно

• Ако имате семејна историја на срцеви заболувања или симптоми како болка во градите, се препорачува порано тестирање.

Едноставен тест на крв може навреме да открие зголемен холестерол, со што може да се спречи неговото штетно дејство врз крвните садови.


Што покажуваат тестовите?

Резултатите од тестовите може да прикажат вкупен холестерол (LDL + HDL), но липидниот профил нуди подетален увид:

• HDL: најмалку 1 mmol/L (за мажи), 1.2 mmol/L (за жени)

• LDL: помалку од 3 mmol/L

• Односот вкупен холестерол : HDL треба да биде помал од 6

Што се триглицериди?

Триглицеридите се резервна енергија – вишок калории што телото не ги искористило. Иако се потребни, премногу триглицериди можат да бидат штетни.

• Здраво ниво: под 2.3 mmol/L

• По постење: под 1.7 mmol/L


Колку генетиката влијае?

Кај многу луѓе, високото ниво на холестерол е наследно. Генетиката игра значајна улога. Ако имате фамилијарна хиперхолестеролемија (наследно нарушување), исхраната често не е доволна – потребна е медикаментозна терапија.

Ако млад човек доживее срцев удар, се сомнева на ова нарушување. Подолгата изложеност на високо ниво на холестерол значително го зголемува ризикот од атеросклероза.

Фамилијарната хиперхолестеролемија е најчестото генетско нарушување на нивото на липиди, и се јавува кај 1 од 250 луѓе.

Ако вашиот татко или брат доживеале срцев удар пред 55-та година, или мајка/сестра пред 65-та, вие сте во ризична група.

Кој е изложен на поголем ризик?

Проценката на ризикот се врши според:

• Возраст

• Телесна тежина

• Генетска предиспозиција

• Крвен притисок

• Пушење

• Консумација на алкохол

• Пол и етничка припадност

Ако ризикот е над 10%, лекарот може да препорача статини – лекови за намалување на ЛДЛ.


Може ли холестеролот да се намали без лекови?

Ако не е генетски, може да се контролира преку:

• Редовна физичка активност (ја зголемува HDL и го намалува LDL)

• Здрава исхрана (ја подобрува функцијата на црниот дроб)

Храна што го намалува холестеролот:

• Бета-глукани (од овес, грав, леќа) – го намалуваат апсорбираниот холестерол

• Растителна исхрана – повеќе растителни влакна, помалку заситени масти

• Јаткасти плодови, семки, маслиново масло, авокадо

• Масна риба, ленено масло

Храна што го зголемува холестеролот:

• Заситени масти: путер, павлака, преработено месо

• Кокосово и палмино масло

• Ултра-преработена храна и шеќери


А што е со јајцата?

– Често се шират митови за јајцата, школките и нивната содржина на холестерол – вели Трејси Паркер.

Овие намирници имаат холестерол, но имаат многу мал ефект врз нивото на холестерол во крвта.

Важно е да се намали внесот на заситени масти, а не нужно да се избегнуваат јајцата. Повеќето луѓе можат безбедно да ги консумираат.

Истражувања покажаа дека едно јајце дневно може да го намали ризикот од срцеви заболувања за 20%. Јајцата се одличен извор на HDL холестерол.

Кога се воведува терапија?

– Ако нивото на холестерол е умерено високо, статините се безбедни и ефикасни – вели д-р Мајр.

Тие обично го намалуваат нивото на холестерол за околу 50%, но кај пациенти со PCaP, може да се разгледа употребата на инхибитори на PSCK9, кои таргетираат други протеини во црниот дроб за дополнително намалување