Се планира изградбата на највисоката зграда во светот – Ќе биде висока 2 километри

Точка

10/04/2025

20:36

11.488

Големина на фонт

а а а

Саудиска Арабија го подготвува теренот за уште еден мегапроект. Станува збор за највисоката зграда во светот наречена „Rise“, со висина два од километри.

Кулата вредна 5 милијарди долари ќе биде дел од развојниот проект наречен „North Pole“, во Ријад. Проектот е замислен како главен економски центар на Ријад, кој е опишан како град на иднината. Ќе се протега на 306 квадратни километри, а ќе го надополнат станбени, деловни и индустриски зони, пишува Форбс.


Како што е најавено, градот ќе содржи воздушни такси, но и најсовремен транспортен систем кој ќе вклучува автономни возила и метро.


Во неговиот центар ќе се наоѓа кулата „Rise“, за која се тврди дека ќе стане глобална туристичка и деловна атракција, како и препознатлив симбол на градот.

Уривање рекорди

Кулата висока два километри ја дизајнирала лондонската архитектонска фирма „Foster + Partners“, а не се очекува да биде завршена пред 2060 година.

Оваа кула ќе го надмине актуелниот рекордер Бурџ Калифа во Дубаи, чија висина е 830 метри, како и планираната кула Џеда, исто така во Саудиска Арабија.


Саудискиот државен инвестициски фонд ги покани меѓународните градежни компании да поднесат понуди за управување со проектот.


Кулата ќе содржи луксузни хотели, објекти за забава, ресторани, канцеларии и станбени простори.


Карактеристики:

Име: Rise Tower

Висина: 2.000 метри

Локација: Северен Ријад, дел од проектот „North Pole“

Дизајнер: Фостер + Партнери (Лондон)

Датум на завршување: Најрано околу 2060 година

Намена: Повеќенаменска – луксузни хотели, деловни простории, станбени единици, објекти за забава.