Според новото истражување на „TravelSupermarket“, кое се занимавало со цените за три ноќевања со летови, Милано се покажало како најприфатлива дестинација за „city break“ оваа година.
Италијанската престолнина на модата, Милано е на првото место на листата на најевтини викенд дестинации во светот, со летови и сместување кои чинат 250 фунти по лице (околу 290 евра), а овој статус ги изненадил дури и експертите.
„И покрај неговата репутација како луксузна модна престолнина, тој нуди исклучителна вредност за парите во 2025 година, што можеби ќе изненади многу патници. Податоците јасно покажуваат дека патниците кои бараат вредност треба да размислат за помалку очигледни избори – градовите од Источна Европа продолжуваат да нудат одлична вредност, додека присуството на Рејкјавик во првите пет најприфатливи дестинации е особено вредно за внимание, со оглед на претходната репутација на високи трошоци на Исланд“, велат од „TravelSupermarket“, а пренесе Дејли Мејл.
На остатокот од листата, пак, доминира Источна Европа – Прага го зазема второто место (286 фунти), Краков е на третото место (299 фунти), а Будимпешта е на четвртото место (325 фунти). Интересно, Рејкјавик се покажал како „изненадувачки пристапен“ на петтото место со 334 фунти.
Даблин (359 фунти), Берлин (360 фунти), Палма де Мајорка (395 фунти), Атина (395 фунти) и Порто (397 фунти) ја заокружуваат топ 10 листата на пристапни дестинации.
Од друга страна на листата на најскапи викенд дестинации првото место го зазема Њујорк, каде ви требаат дури 969 фунти за викенд, додека Дубровник е најскапата дестинација за „city break“ во Европа – се проценува дека цената за три ноќевања со летови изнесува 520 фунти.
Во продолжение погледнете ги двете листи.
Најевтини викенд дестинации:
1. Милано (250 фунти)
2. Прага (286 фунти)
3. Краков (299 фунти)
4. Будимпешта (325 фунти)
5. Рејкјавик (334 фунти)
6. Даблин (359 фунти)
7. Берлин (360 фунти)
8. Палма де Мајорка (395 фунти)
9. Атина (395 фунти)
10. Порто (397 фунти)
Најскапи викенд дестинации:
1. Њујорк (969 фунти)
2. Дубровник (520 фунти)
3. Венеција (460 фунти)
4. Рим (423 фунти)
5. Севиља (419 фунти)
6. Лисабон (412 фунти)
7. Маракеш (406 фунти)
8. Париз (405 фунти)
9. Амстердам (403 фунти)
10. Барселона (401 фунти)