Кафеавиот ориз сепак не е поздрав од белиот – Содржи дури 40% повеќе од овој штетен елемент

Точка

14/04/2025

18:33

1.428

Големина на фонт

а а а

Кафеавиот ориз долго време има репутација на многу поздрава алтернатива на белиот ориз.

Сепак, новото истражување покажало дека содржи значително поголеми количини на арсен.

Поточно, истражувачите откриле дека кафеавиот ориз содржи 24 проценти повеќе арсен и 40 проценти повеќе неоргански арсен – познатиот канцероген – од белиот ориз. Редовното консумирање на кој било арсен може да доведе до проблеми со кожата и дигестијата, како и зголемен ризик од дијабетес, рак и кардиоваскуларни болести.


Експертите истакнале дека постои потенцијален ризик од штетна изложеност на арсен од кафеав ориз кај децата на возраст под пет години. Кафеавиот ориз акумулира повисоки нивоа на арсен бидејќи штетниот елемент се акумулира во надворешните слоеви на зрното, кои се задржуваат во кафеавиот ориз.

Од друга страна, тие се отстрануваат при преработката на белиот ориз. Ова значи дека иако кафеавиот ориз има повеќе влакна и хранливи материи, тој има и поголема доза на арсен.


Меѓутоа ова не значи дека треба целосно да го избегнувате консумирањето на кафеавиот ориз. Истражувачите препорачуваат едноставни методи кои можат да ја намалат содржината на арсен, како што се: темелно плакнење на оризот и варење во поголемо количество вода.