Замастениот црн дроб најчесто се појавува кај алкохоличарите, но сè почесто ги погодува и лицата со прекумерна тежина, дијабетичарите и бремените жени.
Една од најчестите причини за појава на замастен црн дроб е алкохолизмот. Прекумерната консумација алкохол го нарушува нормалниот процес на разградување и складирање на мастите, а состојбата дополнително ја влошува хроничната неухранетост, која често се јавува кај алкохоличарите.
Безалкохолниот замастен црн дроб претставува акумулација на масти во црниот дроб која не е предизвикана од алкохол. Овој вид сè почесто се дијагностицира кај жени со екстремна телесна тежина, бремени жени и лица со дијабетес.
Замастениот црн дроб е пореметување при кое доаѓа до дифузна акумулација на неутрални масти (триглицериди – форма на масти кои телото ги користи за енергија и создавање нови клетки) во клетките на црниот дроб, како резултат на нарушено разградување на мастите.
Диеталната исхрана претставува составен дел од третманот на лицата со замастен црн дроб. Со правилна исхрана се овозможува побрзо и поефикасно закрепнување, а воедно се штити и се поддржува нормалната функција на црниот дроб.
Овој еднодневен план за детоксикација е идеален за прочистување на црниот дроб:
1. По будењето, испијте чаша топла вода со исцеден лимон и малку мед.
2. Консумирајте свежо подготвен сок од морков или салата од рендан морков и јаболка.
3. Појадок: Сад со мешана овошна салата и една лажица разни семки, или смути од вишни и оризово млеко. Јадете доволно за да се чувствувате сити.
4. Пред ужината, испијте чај од глуварче и една или повеќе чаши вода.
5. Ужина: Свежо исцеден овошен сок и интегрален бисквит, или салата од суров целер и моркови.
6. Ручек: Голема чинија зелена салата или салата од суров зеленчук, интегрален ориз варен со зеленчук, и јогурт. Или супа од зеленчук, варен зеленчук и риба, со сок од јаболко.
7. По ручекот испијте чаша вода и чај од глуварче.
8. Пред попладневната ужина, испијте свежо подготвен овошен или зеленчуков сок.
9. Попладневна ужина: Еден од препорачаните чаеви и младо сирење со малку маснотии, намачкано на парче интегрален леб.
10. Пред вечерата, изедете едно јаболко, добро измиено со топла вода.
11. Вечера: Супа од зеленчук со малку или без сол, артишок на скара со варена бела риба и мешана салата од зеленчук, зачинета со лук, лимонов сок и маслиново масло.
12. По вечерата, повторно може да се пие чај од глуварче.
13. Пред спиење, испијте чаша вода во која се раствори малку глина и лен.