По 10 години брак и три деца, „пукна“ уште еден брак? Таа сподели мистериозна порака која говори многу

Точка

18/11/2024

22:02

2.264

Големина на фонт

а а а

Се чини дека сезоната на разводи не стивнува, како што 2024 година се приближува кон крајот. Сè погласни се гласините дека пејачката Џесика Симпсон се разделила од нејзиниот сопруг, поранешниот фудбалер на НФЛ Ерик Џонсон. Ваквите гласини не се официјално потврдени, но повеќе извори за американските медиуми тврдат дека парот веќе донел одлука.

Како што пренесува „Хиндустан тајмс“, четириесет и четири годишната пејачка е со „скршено“ срце и оваа одлука ја поднесува доста тешко.

Повеќе извори тврдат дека парот долго време живее одвоено и дека се обидуваат да ги заштитат децата од се погласните озборувања за причините за разделбата.

Шпекулациите дека двајцата се разведуваат ги започна од Ерик, кој минатата недела беше фотографиран во обична прошетка – но без бурма.


Таа недела кога Џонсон бил забележан без својот венчален прстен, извор за „Page Six“ открил дека тој и пејачката повеќе не присуствуваат на училишните настани на нивните деца заедно. „Претходно, Џес секогаш беше присутна на училишните настани, сама или со Ерик, додека тој никогаш не доаѓаше сам. Меѓутоа, неодамна почна да доаѓа исклучиво сам, што, како што можете да замислите, предизвика многу озборувања меѓу родителите“, изјавил изворот.

Ниту Џесика не можела да ја скрие болката од она низ што поминува, а исто така неодамна беше фотографирана во јавност без бурма.


Дополнително, таа ги збунила следбениците со интригантната објава на Инстаграм во која спомнала „трпење на сè што не заслужила“.

Извор близок на холивудската двојка и им посочил на странските медиуми дека сопружниците не се во најдобри односи, но се обидуваат сето тоа да го скријат од јавноста. Иако двојката допрва треба јавно да ги потврди гласините и двајцата се навистина посветени на благосостојбата на децата и се обидуваат да ја задржат приватноста што е можно подолго, велат извори блиски на парот.


Инаку, Џесика и Ерик се венчаа во 2014 година и беа во брак 10 години, од кој ги имаат ќерките Максвел (12) и Бирди (5) и синот Ејс (11).




Спонзорирани линкови

Маркетинг