Девојката Ивана Легин се прослави низ целиот Балкан кога со Здравко Чолиќ ја отпеа култната песна „Чаје шукарије“. Иако поминаа триесет години од кога Ивана кажува дека татко ѝ ја нарекува злато и дека „кога ќе порасне ќе се омажи за Здравко Чолиќ“, таа никогаш повеќе не се појави во медиумите. Моментално живее и работи во Австралија и се занимава со режија, продукција и маркетинг.
По избувнувањето на војната, Ивана го доживеала бегалскиот живот.
„Штом се навикнавме на едно училиште и начин на живот, се најдовме во друга средина со нов јазик и култура. Не беше лесно, но ваквите искуства дефинитивно не прават посилни. Малите лузни секогаш ќе бидат присутни, понекогаш чешаат или се воспалуваат, обично кога најмалку го очекуваме тоа, сепак, гледам на тоа како на проживеан живот и кога таа лузна ме чеша, само ме потсетува дека на 33 преживеав нешто што многумина не го доживеале ниту на 90 години.“, изјави Ивана за едно интервју.
Нејзината кариера била прекината од војната, а потоа јавниот живот повеќе не ја привлекувал, иако одиграла неколку аматерски улоги во Австралија.
Како девојче вели одлично се забавувала додека снимала со Чола, а се сеќава дека го задевала еден од најпопуларните музичари во Југославија за неговата фризура.
„Се сеќавам дека снимав во студио со Здравко каде што го задевав дека е девојче затоа што има толку долга коса. Ми се чини дека го смени имиџот за таа плоча затоа што на албумот е убаво залижан со пократка коса. Можеби мојата забелешка имаше ефект“, рекла таа во една прилика.
Posted by Ivana Legin on Wednesday 1 January 2020
А вака изгледа црвенокосото девојче денес.