[ФОТО] Титулата за најубава жена на светот сè уште ѝ прилега: Потполно го смени имиџот и нè врати во 70-тите години

Точка

13/11/2024

23:51

6.805

Големина на фонт

а а а

Познатата манекенка Бела Хадид која пред две години беше прогласена за најубава жена на светот, потполно го смени имиџот и многумина воодушеви со своето ново издание.

Овој нејзин нов изглед некои го нарекуваат храбар и смел, а некои луксузен и гламурозен, меѓутоа сите се согласуваат околу едно нешто – а тоа е дека оваа нејзина промена е полн погодок. Имено Бела ја смени фризурата и се појави со своите нови шишки кои совршено се вклопија со обликот на нејзиното лице.



Со оваа промена таа нè врати во седумдесеттите години, кога шишките беа најголемиот тренд, но новата фризура не беше сè со кое ги воодушеви сите на претставувањето на новата колекција на „Chopard“ во Дубаи.

Таа носеше винтиџ фустан со длабоко деколте и висок шлиц на нозете, од модниот бренд „Ели Сааб“, претставен на ревијата во пролетта 2004 година. Ткаенината е проѕирна, а фустанот е обложен со светки и украсен со елегантни ленти кои се спуштаат низ нејзиното тело.



Заводливата Бела гламурозното издание го комплетираше со накитот на „Chopard“, а изгледаше многу луксузно, исто како холивудските модни диви од некои дамнешни времиња.