Поранешната девојка го праша Леонардо Ди Каприо зошто ја остава секоја девојка веднаш штом ќе наполни 25 години: Еве што одговори тој

Точка

14/11/2024

12:00

6.616

Големина на фонт

а а а

Во разговор со една од неговите поранешни партнерки, Ди Каприо дури и не се обидел да се одбрани.

Со години кружат гласини дека Леонардо Ди Каприо ги остава своите девојки веднаш штом ќе наполнат 25 години. Некои од неговите поранешни врски, како што се тие со актерката Нина Агдал, која ја напушти во 2016 година откако таа наполни 25, и со моделот Камила Мороне, со која се раздели пред нејзиниот 25-ти роденден, дополнително ги зајакнаа овие тврдења. Многумина овој „феномен“ го нарекуваат „проклетството на Ди Каприо“.


Меѓутоа, гласините добија нова димензија на почетокот на годинава, кога холандскиот модел Хајке Конингс откри детали за својата средба со Ди Каприо во елитен клуб во Лос Анџелес. Во ексклузивниот дел од клубот, каде што влезот е само со покана, Хајке воспоставила контакт со очи со актерот и наскоро добила можност да разговара со него.

Кога го прашала директно за неговите односи со девојки помлади од 25 години, неговиот одговор, според неа, бил изненадувачки: „Тој призна дека е виновен,“ открила таа за „Unilad“.


Иако имале момент на интимност и се бакнале, Хајке додала дека тој момент „не бил баш најдобар“. Сепак, го пофалила за неговата љубезност и истакнала дека не посакувала ништо повеќе од него.

Од летото наваму, Ди Каприо е во врска со 26-годишниот модел Виторија Черети. Таа е познат италијански модел кој има соработувано со модни гиганти како Версаче, Прада, Долче и Габана, и Александар Меквин.


Интересно е што Виторија веќе била мажена – во 2020 година кажала „да“ на италијанскиот диџеј Матео Милери. Иако на социјалните мрежи сè уште се појавуваат заеднички фотографии со нејзиниот сопруг, не е јасно дали официјално се разведени. Но, неодамна Виторија била забележана со дијамантски прстен на левата рака, што ги поттикна шпекулациите дека холивудскиот ерген можеби конечно е подготвен да застане пред олтарот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг