Анџелина Џоли се појави на доделувањето на наградите на „Governors Awards“ 2024 година во Лос Анџелес, каде што присуствуваше со синот Нокс Џоли-Пит.
На овој настан се појавија бројни ѕвезди, а 49-годишната актерка блесна во елегантен фустан во златни тонови, додека нејзиниот 16-годишен син беше облечен во елегантен костум.
Во текот на вечерта Анџелина и Нокс не се разделуваа, а младото момче со насмевка позираше пред камерите, собирајќи ги симпатиите на присутните, но и на медиумите.
При тоа многумина ги забележаа неверојатните физички сличности меѓу Нокс и неговите познати родители, и шегувајќи се прашуваа дали Нокс е „AI“ верзија на дете на Анџелина и Бред“.
Инаку, Нокс последен пат се појави во јавноста заедно со браќата и сестрите Шајло, Захара, Вивиен и Медокс на гала-проекцијата на „Eternals“ во Лондон во октомври 2021 година.
Нокс и неговата сестра близначка Вивиен се најмладите членови на семејството Џоли-Пит. Тие се родени во Ница, на француската ривиера, а во моментот на нивното раѓање медиумите пишуваа околу продажбата на ексклузивните фотографии од новороденчињата.
Бред Пит и Анџелина Џоли наводно ги продале тие фотографии на списанијата „People“ и „Hello!“ за сума од дури 15 милиони долари, а парите потоа ги донирале во хуманитарни цели.