Републиканскиот сенатор од Флорида Марко Рубио стана државен секретар на САД, но сепак централната тема во неговиот живот е неговата сопруга.
Инаку претседателските избори во Америка донесоа грст интересни приказни.
Освен што ќе имаме шанса повторно да ја гледаме првата дама Меланија Трамп и да се восхитуваме на нејзините модни изданија, сега се појавува и една љубовна приказна која вреди да се спомене.
Новиот државен секретар Марко Рубио е во брак со Џенет од 1998 година. Таа е родена во 1973 година, но сите се согласуваат дека изгледа многу помладо. Инаку таа е дете на мигранти од Куба, кои се развеле уште кога таа имала шест години.
Марко го запознала додека била тинејџерка, преку заеднички пријатели, а врската ја започнале дури во текот на студентските денови.
Како што изјави за „ANB news“ во 2015 година, Марко бил поинаков од останатите и многу ѝ се допаднале неговите ставови, а по долгогодишното познавање повторно се зближиле во 1997 година, а тој ја запросил на врвот на Емпајер Стејт Билдинг додека биле на патување во Њујорк. Во текот на бракот добија четири деца, две ќерки и два сина.
Од друга страна многумина сметаат дека Џенет неодоливо потсетува на Меланија Трамп, а според одредени процени веќе се вбројува во најубавите сопруги на политичарите.