Повеќето познати личности водат животи кои генерално им се добро познати на нивните обожаватели и медиумите. Но, и покрај медиумската експонираност, некои многу важни аспекти од животот на одредени славни личности не ѝ се толку познати на јавноста. Таков е случајот со овие 10 познати личности, за кои многумина не знаат дека не пораснале со своите биолошки родители, туку можноста за нов живот им ја понудиле нивните посвоители.
Во 2015 година, актерот Киган-Мајкл Ки, во поткастот „You Made It Weird“ му кажа на водителот Пит Холмс дека има „многу родители“.
По неговото раѓање, тој бил посвоен од пар кој набргу се разделил, а актерот додаде дека на 25-годишна возраст имал емотивна средба со неговата биолошка мајка.
Лана Кондор е позната по нејзината улога во серијата на Нетфликс „To All The Boys I Loved Before“. Таа е родена во Виетнам и била посвоена на многу рана возраст.
„Имам и посвоен брат. Не сме крвно поврзани и не доаѓаме од иста агенција или нешто слично. Ми се допаѓа тоа што можам да зборувам за посвојувањето како и дека тоа е прекрасна работа, наместо да биде тема со која треба да се биде внимателен“, изјави Лана за магазинот „Elle“ во 2018 година.
Освојувачката на златните олимписки медали, Симон Бајлс беше посвоен од нејзините баба и дедо од страната на мајка ѝ. Според американските медиуми, Симон, со сестрите Адрија и Ешли и братот Тевин, растела со родители кои се бореле со зависност.
Подоцна Симон и Адрија ги посвоиле Рон и Нели Билс, додека Тевин и Ешли заминале да живеат кај тетката во Кливленд. „Мојот пат до успехот започна на денот кога баба ми и дедо ми ме посвоија мене и мојата сестра“, изјави во една прилика Симон.
Актерот Џек Николсон имал 37 години кога дознал некои навистина неочекувани детали. Имено, жената за која верувал дека му е мајка всушност била неговата баба, додека неговата „сестра“ била всушност неговата вистинска мајка.
„Беше доста драматично, но не би го нарекол трауматично.Тоа всушност ми разјасни неколку нешта. Ако ништо, барем бев благодарен“, изјави актерот. Имено неговата мајка имала само 17 години кога го родила, поради што ги замолила родителите да го одгледаат.
Покојниот актер Реј Лиота во 2007 година изјави дека му е мило што е посвоен. Седум години подоцна, тој му откри на водителот Лери Кинг како се чувствувал кога ја пронашол својата биолошка мајка.
„Кога ја запознав, сфатив дека таа го направила тоа поради оправдани причини. Сфатив дека 99% од децата кои беа дадени на посвојување завршија таму за животите да им бидат подобри“, изјави Реј.
Раперот и актер „Ice – T“ е роден како Трејси Мароу во Њу Џерси. Сепак, поголемиот дел од неговото детство го поминал во Лос Анџелес, откако бил посвоен од неговата тетка.
Родителите на музичарот починале кога тој бил многу мал. Имено кога мајка му починала од срцев удар, тој бил трето одделение, додека само четири години подоцна, и татко му починал од истата причина.
Една од холивудските икони, Мерлин Монро, до својата 11-та година живеела во неколку згрижувачки домови и сиропиталишта. Нејзиниот татко е непознат, а нејзината мајка имала психички проблеми.
Иако неколку семејства сакале да ја посвојат, нејзината мајка одбила да ги потпише документите. На крајот, Мерилин се преселила кај пријателката на нејзината мајка Грејс, а подоцна и кај нејзината пратетка Олив.
Актерката Френсис Мекдорманд е исто така една од познатите личности кои биле посвоени. Таа е родена како Синтија Ен Смит, а кога имала само една година била посвоена од свештеникот Вернон Мекдорманд и неговата сопруга Норин.
Френсис еднаш изјави дека постои можност оти нејзината биолошка мајка ја посетувала црквата на Вернон, а исто така таа има и сестра Дороти и брат Кенет.
Ријалити ѕвездата Никол Полици, на повеќето позната како „Snooki“, честопати гордо го истакнуваше своето италијанско потекло. Меѓутоа, Снуки е родена во Чиле и била посвоена од Енди и Хелен Полици кога имала шест месеци.
Зборувајќи со Клои Кардашијан во 2016 година, таа откри дека има 10 браќа и сестри: „Сè уште не сум ги запознала … Дефинитивно сакам да отпатувам во Чиле и да ги запознаам“.
Приказната за модната дизајнерка и актерка Никол Ричи веројатно на многумина им е позната. Имено кога имала девет години Никол, официјално станала член на семејството на познатиот пејач Лајонел Ричи.
Нејзините биолошки родители, Карен Мос и Питер Мајкл Есковедо, биле добри пријатели со Лајонел и неговата сопруга Бренда. Карен и Питер поминувале низ тежок финансиски период, поради што Лајонел се понудил да се погрижи за Никол.