Меланија Трамп во неодамна објавените мемоари „Меланија“ откри голем број детали за бракот со Доналд Трамп, но според многумина таа не била доволно дарежлива кога пишувала за тоа бидејќи ги избегнала најголемите скандали кои го снашле нивниот брак
А она што не го откри во книгата, го кажа на малите екрани, во емисијата „The Five Fox News“, а и каде на друго место освен на омилената телевизија на Трампови.
На прашањето дали би се омажила за Доналд Трамп доколку знаела дека тој ќе победи на претседателските избори во 2016 година, Меланија Трамп пред овогодишните избори одржани на 5 ноември одговори: „Тоа е интригантно прашање“.
Водителите ги интересирало дали новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, некогаш спие. „Не спие многу“, рекла неговата сопруга, а потоа додала: „Секако дека спие“.
„Дали носи пижами?“, следело друго прашање, а Меланија се насмевнала и одговорила: „Не“. „Што тој носи кога спие, Меланија?“, ја прашале, а таа посочила дека нема да зборува за тоа. Започнала смеа во студиото, а судејќи по тие реакции, на Трамп не му е потребна облека во текот на ноќта.
Меланија сакала да стави до знаење дека нивната соба е повеќе од интересна, но и дека спијат во иста соба, иако претходно се сугерирало дека не ги минуваат ноќите заедно.
„Од моментот кога започна нашиот разговор, ме плени неговиот шарм и опуштена природа“, напишала Меланија Трамп во книгата за нејзината прва средба со тогаш зафатениот Трамп. Ја зела неговата визит-карта наместо да му го даде својот број. Останатото е историја, нивната историја, која продолжува да предизвикува спротивставени коментари – од фактот дека тие се одличен тандем до фактот дека нивниот брак се заснова на интерес, пред сè, а не на љубов.
Да потсетиме, Меланија и Доналд Трамп се во брак од 2005 година. Тие го имаат синот Барон Трамп (18), кој студира на бизнис школата на Универзитетот во Њујорк. Под знакот прашалник е дали г-ѓа Трамп ќе се пресели во Белата куќа по инаугурацијата на нејзиниот сопруг на 25 јануари 2025 година или ќе живее меѓу Њујорк и Флорида за време на неговиот мандат?