[ФОТО]„Погледни што изгуби“: Џенифер Лопез плени толку многу што Бен Афлек може само да жали

Точка

18/11/2024

16:33

1.047

Големина на фонт

а а а

Таа ја задржа насмевката на лицето, а многумина коментираа дека нејзината слобода „и стои одлично“. Во изминатите недели Џеј Ло беше на турнеја низ светот каде го промовираше филмот „Unstoppable“.

Како да сака да му каже „види што изгуби“ – токму таков став имаше Џенифер Лопез (55) на премиерата на филмот „Wicked“. Таа заслепуваше на црвениот тепих во фустан кој ја акцентираше нејзината витка линија и ги откри нејзините затегнати раце и грб. Џеј Ло им покажа на сите дека се чувствува одлично и покрај уште еден брачен неуспех.


Таа ја задржа насмевката на лицето, а многумина коментираа дека нејзината слобода „и стои одлично“. Последниве недели таа беше на турнеја низ светот каде го промовираше филмот „Unstoppable“. Токму додека таа работеше на тој проект започнаа проблеми во нејзиниот брак со Бен Афлек. Таа ги потпиша документите за развод во август, пред филмот да ја види светлината на денот. Тие беа во брак две години.


Џеј Ло во последно време сè почесто можеме да ја гледаме со нејзините деца, ќерката Ема и синот Макс. Таа пред неколку дена изјави дека со нетрпение очекува да помине повеќе време со своите најблиски бидејќи доаѓаат празници, а навистина и е потребен одмор по прилично бурна година.


„Ова беше многу тешка година за мене и со нетрпение очекувам да бидам со моите деца и семејството. Празниците се многу посебно време за нас, отсекогаш биле, уште од кога бев мало девојче“, изјави Џенифер и додаде:

„Со нетрпение ги очекувам сите тие моменти во кои можам да бидам со моите сестри и да се релаксирам, да се забавувам и да создавам нови спомени. Не можеме да се видиме во текот на годината, па вака надоместуваме. Навистина уживам во тоа“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг